Малите џинови програмери

Coding Giants / Училиштата за програмирање пред се се наменети за деца и млади
Среда
31.07.2019
Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.
 

Живееме во време во кое не е доволно само да знаеме да читаме и броиме – употребата на дигиталните технологии создадe и нова дефиниција за писменост, а со тоа и потреба за дополнително образование. Тоа ги поттикна двете страни во процесот – и учениците и образовните институции, зголемувајќи ја побарувачката за ИТ вештини. Најбрз и до сега нејефикасен одговор на таквата зголемена побарувачка се приватните училишта за програмирање. Токму заради желбата да го споделат своето знаење, ентузијазам и страст за компјутерите и програмирањето, четири инженери од Варшавскиот технолошки универзитет во 2015 година го основале училиштето за програмирање Coding Giants.

Целта ни беше на децата и младите да им ја доближиме новата технологија и да ги образуваме во областа на комјутерското програмирање, но и да им ја развиеме нивната способност за логичко размислување – велат основачите на училиштето.

Набргу добиваат потврда дека се на вистинскиот пат. За само четири години работење успеале да отворат повеќе од 50 училишта во 26 градови во Полска. Повеќето од училиштата и натаму се во нивна сопственост, но секоја година се зголемува бројот на франшизните подружници. Меѓутоа, забележале дека побарувањето за едукација и развивање на вештините во областа на информатичката технологија ја надминува понудата во Полска, а според нивниот впечаток така е и на другите пазари. Заради тоа од годинава франшизата им ја понудиле и на претпремачите надвор од Полска, а франшизни партнери бараат и во земјите од регионот.

Од потенцијалните кандидати, пред се се очекува да сакаат да работат со деца и млади. Се разбира, треба да бидат мотивирани и иницијативни, треба да го познаваат локалниот пазар и да имаат основни познавања за информатика, нови технологии, а во најдобар случај и за програмирањевелат во Coding Giants.

За да се отвори училиште за програмирање под брендот Coding Giants потребни се 6000 евра што се смета како почетна инвестиција која го покрива надоместокот за лиценца, опрема и уредување на просторот. Услов е училниците или просторот во кој ќе се одржуваат курсевите за програмирање да не бидат помали од 30 м2. Тековниот надомест се утврдува со договор и може да се плаќа или како редовен месечен надомест или како месечна провизија од приходот на училиштето.

Давателите на франшиза велат дека нивните идни партнери можат да очекуваат постојана поддршка со сите предности кои ги носи развиениот и воспоставен систем. Coding Giants според правилата на франшизната соработка нуди стручност, бренд и know-how, вклучително и целиот материјал за работа: проверени наставни скрипти за водење на курсевите, едукативни материјали за учениците, како и промотивен материјал и пристап до целосниот CRM систем кој го олеснува процесот на пријавување на посетителите, плаќањето и комуникацијата со клиентите.


Малите големи програмери / Програмите за курсевите ги подготвуваат стручњаци за програмирање кои внимателно го одбрале и приспособиле материјалот според возраста и способностите на учениците. Се нудат 14 курсеви за неколку возрасни групи (за деца од 6-9, 10-12, 13-16 и 17-19 години)

погледнете ги текстовите

Бизнисот кој го прави светот подобар /09.07.2020

Мултидисциплинарното училиште School & School формирана во БиХ, од неодамна дејствува и во Бугарија. Франшизата е достапна и во други земји од регионот.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /07.08.2020

Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.

Едукацијата се сели „онлајн“ /25.03.2020

Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?

Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца? /21.02.2020

Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!

Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза? /23.01.2020

„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.

најчитани

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

популарно во форумот