Истражување на пазарот на франшизи во Србија

Тренд на пораст
Тренд на пораст / Се забележува дека бројот на франшизните системи, како домашни така и странски, се зголемува во последните пет години во Србија, со тоа што кривата на графиконот е забележително поголема кај домашните
Среда
14.08.2019
Во Србија во 2018 година се евидентирани околу 200 франшизни системи, што е раст од околу 22 % за период од пет години - според анализата на пазарот која ја направи компанијата PROFIT system.
 

Кога регионалниот портал во сопственост на консултантската куќа PROFIT system, Franshising.rs го објави првото истражување на пазарот на франшиза во 2013 година, во Србија работеле 164 франшизни системи. На крајот од 2018 година новото истражување покажува дека во Србија се евидентирани вкупно 200 франшизни ситеми, што преставува раст за околу 22% на бројот на франшизни системи кои активно работат во оваа заемја.

БРОЈ НА ФРАНШИЗНИ СИСТЕМИ ВО СРБИЈА по години

Во вкупниот број на франшизи во Србија и натаму доминираат странските франшизни системи (123) со учество од 62 % во вкупниот број на франшизи, додека бројот на домашните франшизни системи се зголеми на 77, односно речиси 40 % од вкупниот број на системи.

БРОЈ НА ФРАНШИЗНИ СИСТЕМИ ПО ПОТЕКЛО и нивниот удел во вкупниот број (странски/домашни)

Учеството на странските франшизни системи сепак е помало во однос на 2013 година, кога странските системи имале удел од 67% во вкупниот број на франшизни системи што може да укаже на постоење на благ, но позитивен тренд на раст на домашните франшизи во Србија. Забележително е дека бројот на франшизни системи, како домашни, така и странски, расте во последните пет години, со тоа што кривата од графиконот расте позабележително кај домашните.

РАСТ НА БРОЈОТ НА ФРАНШИЗНИ СИСТЕМИ ПО ПОТЕКЛО за периодот 2013 – 2018

Во вкупниот број, со учество од 54 % доминираат франшизните системи кои даваат услуги, а 46% се системи кои работат во трговската област.

БРОЈ НА ФРАНШИЗНИ СИСТЕМИ СПОРЕД АКТИВНОСТИТЕ и нивниот удел (%) во вкупниот број (услуги, трговија)

Многу слична е состојбата и кога учеството на услужните и трговските системи се анализира според потеклото на компанијата. Имено и кај домашните и кај странските франшизи доминираат услужните дејности, но односот со трговијата е избалансиран. Кај домашните системи уделот на услужните франшизи е 53%, а кај странските 56%.

ФРАНШИЗНИ СИСТЕМИ СПОРЕД АКТИВННОСТИТЕ и нивниот удел во вкупниот број (домашни/странски; услуги/трговија) 

Методологија и коментари

Анализата на пазарот на франшизи во Србија за 2018 година е изработена врз емпириски истражувања. Податоците се собрани по пат на телефонски разговори и е-маил, а испитаниците  одговарале на прашања или пополнувале прашалник. Во анализата конечно се вклучени и сите достапни податоци од официјалната веб страница и APR. Со истражувањето се опфатени само компаниите за кои е потврдено дека работат во системот на франшизинг. Вклучени се:

  • франшизни системи од кои е можно да се купи франшиза (активни се на пазарот и се во потрага за нови приматели на франшиза).
  • системи кои имаат ексклузивен примател за Србија, со што таквата франшиза не е можно да се купи.
  • системи за кои не постои можност со сигурност да се утврди дали и натаму даваат франшиза (покрај нетранспарентниот примерок).

Истражувањето покажува дека неполни 70% од франшизните системи (136) активно се шират, односно дека е можно да се купи нивната франшиза.

Координаторот на тимот кој го спроведуваше истражувањето, Наташа Богојевиќ, нагласува дека прибирањето на податоците сепак не било едноставно. – Меѓутоа не беше ниту неочекувано. И ова истражување во одредена мерка е и одраз на состојбата на пазарот и покажува дека се уште не постои целосна транспарентност ниту подготвеност за соработка. Многу франшизни системи едноставно не се расположени за споделување на податоците или воопшто не ги споделуваат, дури и кога се во прашање и најнечувствителните бројки како што е бројот на приматели на франшизата и бројот на франшизни единици, на што нашето истражување беше најфокусирано – вели таа.

Регионалниот директор на PROFIT system, Игор Богојевиќ вели дека проблемите во изработката на извештај за франшизинг кои се среќаваат во Србија не се изненадување, но и не се карактеристични за другите земји од централна и источна Европа. – Нашата матична компанија е основана во Полска и ние таму како и во некои други земји повеќе години изработуваме и објавуваме многу детални извештаи за пазарот на франшиза, а компаниите многу транспарентно ги соопштуваат своите податоци. Овде од тоа се плашат. Во Србија постои регистер на стопански организации во кои секој може да ги најде повеќето деловни податоци за компаниите, а постои и регистер на сопственици, а да не зборуваме за повеќето сервиси кои нудат детални извештаи за компаниите, што значи дека е направен напор да се создаде транспарентна деловна рамка. Ако сите овие регистри и податоци веќе постојат, би се рекло дека нема причина за тајни и страв кога говориме за франшизинг. Меѓутоа, праксата е поинаква, а со тоа и резултатот од нашето истражување – објаснува Игор Богојевиќ и додава дека ваквите анализи полесно се прават во земјите каде постојат франшизни асоцијации, што не е случај со Србија.

Тој истакнува дека резултатите од истражувањето укажуваат и на тоа дека регулативата во Србија го кочи развојот на франшизните системи во одредени области, па дури и желбата за јавно говорење на оваа тема. – Во светот, па и во нашето окружување, франшизингот, на пример во областа на финансиското работење, а пред се во банкарството и осигурувањето, е многу развиен. Во Србија пронајдовме само еден банкарски систем кој воопшто не посочува јавно дека има франшизна мрежа. Постои само една осигурителна компанија која транспарентно комуницира за својот франшизен систем, но тоа не го прави, да речеме, ниту еден систем на застапникот/посредникот во осигурувањето.  Кога ќе се внесете во проблематиката се чини дека ниту самите регулатори на пазарот не разбираат вистински што е франшизинг, заради што се плашат од франшизингот во таа област, и поради што се уште сме на дното. Тоа автоматски  повлекува и неподготвеност на самиот пазар за овој начин на работење да се говори јавно– објаснува Игор Богојевиќ. 

– Детектираните проблеми како неподготвеност за соработка, немањето франшизни организации, недоволно уредена регулатива, но и претприемничкиот менталитет, влијаеле на опфатот на анализата на пазарот, на нејзиниот квалитет, но и покажале на што треба да се работи и што се може да се унапреди – потврдува Игор Богојевиќ. – Заради тоа од оваа година без оглед на посочените недостатоци, ќе продолжиме редовно да правиме и објавуваме годишни извештаи за пазарот на франшизинг во Србија, а потоа и во соседните земји во регионот. Сепак многу е важно да постои каков и да е преглед – вели тој.

Исто така треба да се спомене дека во Србија постојат и франшизни системи кои го регистрирале своето работење, но се уште не се активни и не се знае дали во иднина ќе ја шират мрежата користејќи ги франшизните модели, заради тоа тие не се вклучени во анализата. Изоставени се и системите кои работат по лиценца, иако понекогаш и самите имаат одредени елементи на франизно работење. – Во овој момент приоритет ни беше да откриеме колкав е приближно бројот на „чисти“ франшизни системи кои активно работат. Покрај тоа да видиме во кои сектори франшизингот е најзастапен и какво е потеклото на франизните системи. Свесни сме дека се уште не се созреани условите да направиме извештај каков што правиме, на пример во Полска, со детали и за број на франшизни единици, бројна приматели на франшиза, број на враотени во сопствените и франшизните подружници, нивниот промет и други податоци – објаснува Игор Богојевиќ. – Тоа ќе мора да причека на создавањето на деловна клима – додава тој.


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот