Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути"

Cbweed / На домашниот пазар во Италија имаат 50 продавници (од кои 44 се франшизни), а нивните производи се дистрибуираат во повеќе од 600 продавници на мало низ Европа.
Четврток
05.12.2019
Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.
 

Cbweed во Италија е синоним за ланец на специјализирани продавници во кои се продаваат различни производи на база на коноп (cannabis sativa) - канабис, CBD цвет, масло од CBD, и храна и козметика која содржи CBD. Компанијата е создадена кон крајот на 2017 година во Болоња и за само две години стана една од најголемите производители на CBD цвет од индустриски коноп во Италија и Европа. Покрај четирите фирми во кои годишно се произведува и по два тона цвет од коноп, Cbweed на домашниот пазар во Италија има и 50 монобренд продавници и повеќе од 600 продавници на мало низ Европа, кои ги продаваат нивните производи.

Најценетиот дериват на цветот на индустриски коноп всушност е супстанцата CBD, која нема психоактивно дејство и која заради своите лековити својства се користи за производтво на повеќе производи.

Покрај цветот од коноп, кој е главен и најпознат производ на оваа италијанска компанија, под брендот Cbweed се прават и масла, храна и пијалоци (сосови, бисквити, мафини, пасти, разни закуски, крафт пиво, кафе, чај), но и козметички производи и производи за нега на домашни миленици. Се работи за асортиман од над 100 производи. Поради тоа, Cbweed соработува со повеќе специјализирани фабрики и производители. Но, како што велат од компанијата, најважно е производите да се прават по оригинални рецепти – ова особено се однесува на козметичките средства. За нив речиси и да немаме конкуренција. Станува збор за оригинална рецептура и тоа е една од причините што толку добро котираме на пазарот – истакнуваат во Cbweed

Творец на оваа бизнис идеја е младиот претприемач Рикардо Ферини. Тој раскажува дека уште пред неколку години имал желба да отпочне со производство на индустриски коноп. – Добив можност, во разговор со својот бизнис консултант и со сопственик на банка, да отвориме приказна за нови проекти. На нивното прашање во каква работа би се впуштил, одговорив, повеќе на шега, дека нема да започнам со нова дејност додека канабисот не се легализира. Пред три години ме повика мојот консултант и ми рече дека во Болоња забележал продавница која продава легален канабис и веднаш закажа состанок со сопственикот на банката. Уште во првите пет минути од разговорот им ја преставив целата верзија за развој на таа дејност и тоа е всушност тоа што денес е  Cbweed - раскажува Рикардо Ферини.

Собрал стручни лица за да го креираат брендот и системот, со кој како што вели ќе победи во жестоката конкуренција на домашниот пазар. Имено, во Италија има повеќе од 90 компании кои продаваат производи со коноп. – Но квалитетот на канабисот и оригиналните рецепти се нашата предност. Инаку, производите со CBD имаат и лековити својства, особено маслата кои можат да помогнат кај различни хронични болки и воспаленија. – истакнува тој.

За побрзо развивање на пазарите, Cbweed  продажната мрежа започнал да ја развива и преку франшиза. Од 50 продавници во Италија, дури 44 се франшизни. Покрај тоа, концептот го пренеле и надвор од границите на домашниот пазар, со што денес веќе имаат три франшизни подружници во Естонија и една во Австрија. Нивните производи се продаваат и на многу други пазари преку различни малопродажни ланци и тоа во Полска, Грција, Белгија, Чешка, Шпанија... Годинава се претставија и на Саемот на франшиза во Варшава со цел франшизната мрежа да ја развијат и во Полска.

Немаат посебни ограничувања кога се работи за начинот на влегување на странските пазари. Во Естонија, како што раскажува Ферини, нашле многу сериозен и доверлив партнер со кој потпишале договор за мастер франшиза, додека во Полска, пред се се фокусирани на одделните приматели на франшиза. – Нашите производи веќе се продаваат во Полска и станавме познати во многу градови. Не е невозможно, но е потешко да се најде еден примател на мастер франшиза кој би ги презел и контролирал сите продажни канали. Сепак, отворени сме за секоја соработка – вели Ферини.

За да се отвори една продавница, според проценките, потребно е да се инвестираат 20.000 евра, а франшизната соработка не подразбира никаквов месечен надомест. Во овој износ пресметано е целосното опремување на продавницата, како и првичното снабдување со производи.

Како што велат во компанијата, убавината на оваа работа е што не е потребно претходно знаење, туку само страст. – Дали се работи за млад или постар човек, почетник во работата или искусен претприемач, Cbweed ќе се потруди примателот на франшизата да работи најдобро што може – вели Ферини.

Сепак, свесни се и за одредени ограничувања. За сега работата може непречено да ја развиваат главно во земјите од Европската унија, каде има јасна и усогласена регулатива поврзана со употреба на конопот. – Сите земји не се подготвени за оваа револуција, но веруваме дека состојбата за четири до пет години целосно ќе се промени – смета Ферини.



Јакопо и Рикардо, сопственици и најдобри промотори на брендот Cbweed. / Работењето, за сега, непречено можат да го развиваат главно во земјите од Европската унија каде има јасна и усогласена регулатива поврзана со употреба на конопот. – Сите земји не се подготвени за оваа револуција, но веруваме дека состојбата за четири до пет години целосно ќе се промени – смета Рикардо Ферини.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Секоја чест, Domaccini /27.05.2021

Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.

Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други /31.01.2020

Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Бум на пазарот на домашни миленици /24.03.2019

Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот