Коцка, коцка, коцкичка... учиме со Едукидо

Од Полска на Балканот / Едукидо бара приматели на франшиза и во земјите од регионов.
Вторник
17.12.2019
Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.
 

Набргу по појавувањето на Едукидо на пазарот во Полска, беше јасно дека станува збор за интересен и перспективен едукативен концепт за деца. Сакајќи на интересен начин да им ги доближи на младите, природата, техниката и науката го поврзаа учењето со забава и создадоа повеќе работилници со една од најпосакуваните играчки на светот – LEGO коцките. За само неколку години постоење, благодарение на развиената франшиза, Едукидо успеа да се прошири речиси во цела Полска. Денеска на тој пазар има поеќе од 60 Едукидо центри. 

Следниот чекор бил ширење во светот, на што му претходело понуда за мастер франшиза за меѓународниот пазар. Поради тоа Едукидо барал еден ексклузивен партнер кој би ја водел работата на национално ниво и би бил задолжен за понатамошно ширење на мрежата на локалниот пазар со продавање на одделни франшизи.

Но, дошло до промена на планот. Поради големата заинтересираност за одделна (single unit) франшиза која подразбира отворање на само една единица, Едукидо се определил да ја промени стратегијата. Претприемачите кои се пронаоѓаат во оваа дејност и се заинтересирани за франшизно работење, сега ќе можат да купат одделна лиценца за Едукидо. Давателот на франшизата во ова гледа придобивка за двете страни: примателот со помала инвестиција ќе има и помалку обврски, а давателот преку работењето на првиот франшизен центар ќе ја тестира заинтересираноста на локалниот пазар.

Инестицијата за одделната франшиза се состои од три дела. Прво се плаќа надомест за влез чија вредност е во зависност од големината на подрачјето за кое примателот добива ексклузивност. Се движи од 700 евра за подрачје со околу 20.000 жители до 4200 евра за лиценцата со која се покрива територија со 120.000 жители. Но, во почетната инвестиција треба да се вклучат и дополните 3000 евра за купување на LEGO комплетите кои се основната алатка во Едукидо работилниците, како и 350 евра кои примателот на франшизата ќе ги вложи за пропаганден материјал. 

Секако, ова е само една од можностите. Едукидо и натаму нуди мастер франшиза која на примателот му носи и поголем профит. Покрај заработката од сопствените активности, мастерот заработува и од франшизните надоместоци бидејќи има право да продава одделни франшизи на целата територија на државата. Примателот на мастер франшизата од надоместокот од одделните приматели зема дури 75%. Од друга страна, заинтересираните за ваква лиценца ќе мораат и повеќе да вложат. Покрај трошоците за LEGO комплетите и пропагандниот материјал,  мастерот треба да ги покрие трошоците за преведување на сите потребни материјали од англиски (или полски), како и влезниот надомест чија висина зависи од големината на територијата. 

Какви квалитети треба да има примателот на Едукидо франшизата? Кога станува збор за мастер франшиза, Едукидо бара кандидатит кој има доволно капитал и кој добро го познава локалниот пазар. Претприемачкиот дух и вештини на управување, искустото во продажба и маркетинг, познавањето на англискиот јазик и вештините за комуникација се посакуваните вредности за идниот партнер. Менаџерски способности се бараат и од кандидатите за одделна франшиза. Предност, но не и неопходно, е искуство во работа со деца и комуникација со родителите. 

Зошто е Едукидо успешен?

Креативните работилници со LEGO коцки, кои се заштитен знак на овој едукативен концепт, не треба да се поистоветуваат со курсевите за роботика. Иако во секојдневните активности се користат специфични LEGO комплети, тие се само алатка или помошно наставно средство. Целта е децата преку израбока на конструкциите да дојдат до важни знаења за природата, науката и техниката. Часот започнуваат со одредена стимулативна активност која вниманието на децата им го насочува на темата која се обработува, како на пример кратко видео. Потоа инструкторот прави приказна за одбраната тема, поставувајќи повеќе прашања. Децата на различен начин доаѓаат до одговорите: преку експерименти, разговор и размислување, користејќи ги при тоа и LEGO коцките. Најважно е тоа што децата не добиват упатства што и како треба да работат. – Се трудиме да ја поттикнеме и развиеме самостојноста. Затоа инструкторите не се вклучуваат многу во работата на децата. Нивна задача е да ги стимулираат децата да бидат креативни, логички да размислуваат и, како резултат на тоа, нешто да направат – објаснува еден од инструкторите. 

Додека децата конструираат, инструкторот се обидува заедно со нив да дојде до најважните заклучоци. Темите за кои се зборува во Едукидо работилниците се широки, а можат да се однесуваат на летечки објекти, обновливи извори на енергија, карти на светот, гравитација, современ транспорт, подвижни мостови, вселенски ровери и слично. Вообичаено е часовите да траат 60 минути, односно половина час за деца од предучилишна возраст. Работилниците се составени од група до 10 ученици. Покрај во самостојните Едукидо центри, работилниците можат да се организираат и во градинки или училишта.


Во зависност од можностите и амбициите / Претприемачите кои се пронаоѓаат во оваа работа, а се заинтересирани за соработка преку франшизинг, можат да купат мастер или одделна франиза Едукидо.

погледнете ги текстовите

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

Оnline наставата успешна /05.09.2020

Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза? /23.01.2020

„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

најчитани

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Саемот во Варшава- според планираното! /03.09.2020

Саемите и конференциите се враќаат! Најголемиот саем на франшизи во средна и источна Европа ќе се одржи како што е и планирано, од 15 до 17 октомври 2020 во Варшава.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

популарно во форумот