Канадско образование и на Балканот
„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
Канадскиот образовен систем Maple Bear, кој ги носи најдобрите практики и методи на канадската двојазична настава, е присутен во повеќе од 20 земји. Во регионот на Централна и Источна Европа под франшизата на овој систем функционираат неколку образовни институции - во Бугарија, Романија и Албанија, а од септември 2021 годинава во Србија е отворена првата предучилишна установа Maple Bear.
Љиљана Николова од Софија е една од примателите на оваа франшиза, која во 2020 година се приклучи на големата едукативна мрежа на Maple Bear. Какви се нејзините искуства?
Отворивте градинка и основно училиште во Софија. Зошто се одлучивте за франшизата на Maple Bear?
За да успеете, треба да му верувате на вашиот партнер и да бидете сигурни дека предложениот бизнис модел е докажан и функционира во различни земји и култури. Канадската мрежа на училишта Maple Bear е пример за успешен образовен систем. Има докажани резултати и успева да развие високо функционален модел на образование, без разлика во која земја или култура е присутен.
Кои чекори примателот на франшизата треба да ги преземе пред отварање на училиштето?
Maple Bear внимателно ги избира своите партнери затоа што сака да одржи високо ниво на квалитет и да биде сигурна дека нивниот двојазичен наставен систем ќе биде беспрекорно имплементиран. Сепак, самата процедура е релативно едноставна. Го контактирав тимот на Maple Bear од Централна и Источна Европа преку нивната специјализирана веб-страница www.ownamaplebearschool.ca. Прво разговаравме за опсегот на нашиот проект во Софија, а по потпишувањето на договорот го започнавме процесот на приклучување и интегрирање на нашите институции во глобалната мрежа на Maple Bear. За академска поддршка беа задолжени тимови од Канада, околу 200 инструктори и 50 програмери, додека регионалниот тим ни ја обезбеди сета потребна оперативна и маркетинг поддршка.
Поддршката која што ја добиваме и на која ќе можеме да сметаме во текот на ова патување е клучна во соработката со франшизата и го објаснува светскиот успех на Maple Bear.
Според Вас, што најмногу ги привлекува родителите и учениците во овој образовен систем?
Станува збор за неколку фактори, но ќе издвојам три кои сметам дека се исклучително важни. Прво, родителите бараат нова наставна методологија и нов пристап во процесот на пренесување и стекнување знаења. Тие сакаат нивните деца да бидат проактивни, да размислуваат критички и да решаваат проблеми. Наставната програма на Maple Bear го обезбедува сето ова, бидејќи учењето има смисла, а наставниците го поттикнуваат практичниот процес на усвојување нови информации. Втората работа е целосно „потопување“ во англискиот јазик. Сепак, секој што размислува за Maple Bear треба да знае дека ние не сме училиште за англиски јазик, туку училиште во кое се предава на англиски јазик. Последниот фактор е фактот дека Maple Bear е исто така локално училиште, бидејќи наставата на нашиот мајчин јазик ни е исто толку важна како и на англиски јазик.
Како изгледа да се води едно Maple Bear училиште? Што Вас најмногу ве исполнува?
Ми се чини дека посетуваме едногодишен интензивен курс. Има толку многу стратегии, од сите области, кои треба да се имплементираат. Тоа е предизвикувачко и возбудливо, но мојот персонал и јас уживаме во планирањето и предавањето, сето тоа ни дава енергија. Мислам дека највредниот момент беше кога сфатив колку е сè меѓусебно поврзано - добри односи во тимот и безбедна и стимулативна средина во која децата можат да го достигнат својот целосен потенцијал.
Maple Bear се грижи и за предавачите кои ќе работат во училиштето. Што опфаќа обуката?
Навистина ми се допаѓа програмата за обука во Maple Bear. Не само почетната обука беше важна за нашиот наставен тим, туку и фактот дека тие можат да сметаат на постојана обука и надзор. Овој пристап ни дава можност да споделиме искуства, да поставуваме прашања и да го разбереме секој наставен исход, стратегија и резултати. Ова, од една страна, дава структура, а од друга страна, слобода во изработката на наставните програми. Благодарение на континуираното усовршување, обука и поддршка на академскиот тим од Канада, нашите предавачи напредуваат професионално, а студентите имаат можност да стекнат знаења со помош на најновите методи и стратегии на образование.
Погледнете во каталогот
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Škola brzog čitanja i mudrog učenja
Дневен престој за деца
YES INTERNATIONAL
Школа за странски јазици
Young Engineers
Дневен престој за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.