И старо и младо

Храната домонира
Храната домонира / Помеѓу 10 најуспешни американски франшизи, пет се ресторани за брза храна. McDonald's и оваа година е на врвот.
Недела
03.02.2019
Почетокот на годината е време за рекапитулација, време кога и магазинот Entrepreneur се навраќа на пазарот на франшизите во Америка и ја преставува годишната листа на 500 најуспешни.
 

Отакако за прв пат е објавена листата на 500 најуспешни американски франшизи  на магазинот  Entrepreneur во далечната 1980 година, забележани се само пет брендови кои во овие 40 изданија  се повторуваат: Subway (сендвичи), Lawn Doctor (одржување тревници), Martinizing (хемиско чистење и перење), но и McDonald's  и Dunkin' (порано Dunkin' Dounts) култните брендови за брза храна кои оваа година се наоѓаат на врвот на листата – на прво и второ место. Дванаесет брендови, пишува Entrepreneur, не се нашле на листата само еднаш или два пати. Но овие потатоци колку и да се предизвикувачки, сведочат всушност за жив и динамичен сектор кој цути во борбата помеѓу „старите“ и „младите“ системи.  Годинешната листа покажува дека само 86 од 500 рангирани компании  започнале да развиваат франшизна мрежа пред 1980.  Компаниите од оваа листа по системот франшизинг  во просек работат 25 години, а дури 22 компании започнале да даваат франшиза пред пет или помалку години.

Оваа дихотомија се забележува и при споредбата на 10-те најуспешни. Половината рангирани во системот со франшизинг започнале пред 1980, а половината подоцна.  Помеѓу „ветераните“ се ланците за брза храна

McDonald's (1), Dunkin' (2), Sonic Drive-In (3), Taco Bell (4) и ланецот на супермаркети 7-Eleven (10). Меѓу омилентите ланци пак се поштенско – курирските преставништва UPS Store (5), брендот за брза храна Culver's (6)  и Jersey Mike’s Subs (9), фитнес клубовите Planet Fitness (7)  и фризерските салони Great Clips (8).

Како што покажува и овогодинешната листа, храната е се уште доминантна категорија – 24 % од сите рангирани компании се системи поврзани со храна.  Но и овој сектор постојано се менува и разделува. Ова се потврдува со бројот на новосоздадени, тесно ориентирани концепти (грицки – snack food, здрава храна...)

Броевите, пак, покажуваат уште нeколку интересни трендови. Вкупниот број на подружници на сите 500 рангирани компании изнесува 533.125, При тоа 36% од нив работат надвор од американскиот пазар. За американските компании франшизингот   е најчестата стратегија за ширење на меѓународниот пазар. На овој начин одделни брендови се присутни и во овој регион.  Од овогодинешната листа на 500 најуспешни, во земјите од регионов работат McDonald's (1), RE/MAX (15), KFC (23), Holiday Inn (36), Doubletree by Hilton (56), но и  Subway (125), ланецот кој е познат по сендвичите  и за сега има два ресторани во Словенија и еден во Хрватска, каде и натаму бараат нови приматели на франшиза.

Сепак, пишува Entrepreneur, се забележува дека динамиката на ширење на франшизните мрежи забавува. Компаниите од оваа листа во периодот од јули 2017 до јули 2018 отвориле 13.935 нови подружници, што е за 5.000 помалку во однос на претходната година и 2000 помалку во однос на таа пред неа.  Се забележува  дека се намалува и бројот на  подружници во директна сопственост  на компаниите  што е  последица  на стратегијата  која  последните години ја прифатија и големите имиња на франшизингот. Имено, Pizza Hut, KFC и McDonald’s продале голем дел од своите преставништва на примателите на франшизата. Вистински куриозитет  е Subway кој нема ниту еден ресторан во своја сопственост. Сите 44.000 ресторани низ светот ги држат приматели на франшиза.

Вкупната листа на Entrepreneur франшизата 500 можете да ја најдете овде.


најчитани

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Улога по мерка на големите играчи /26.02.2019

Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

популарно во форумот