Како да одбереш, а да не зажалиш?

Михал Вишњевски
Михал Вишњевски / Михал Вишњевски, директор за франшизен консалтинг во PROFIT system групата
Петок
15.02.2019
„Едноставно – одбери го најдоброто што се нуди на пазарот на франшиза!“, порачува Михал Вишњевски, директор за франшизен консалтинг во Профит систем (PROFIT system) групата.
 

За претприемачот кој размислува за отпочнување на бизнис со купување на франшиза, најважно е да одбере вистинска франшиза, докажана и успешна. Но, како да го направи вистинскиот избор, на што треба да обрне внимание?

Кога се определувате за купување и „примање“ на франшиза, односно кога одлучувате за пристапување кон некој од франшизните системи, земате во предвид неколку принципи.  Прво, одберете франшиза во онаа гранка која вам лично ви се допаѓа. Многу е важно избраното да ве доведе во ситуација да доживеете и професионално и лично задоволство.  Тоа ќе се случи само тогаш кога ќе се определите за гранка која ви „лежи на срце“. Не е премногу важно и не треба да ве загришува ако немате искуство во таа област. Многу поважно е да работите во подрачје  кое ви е блиско, зашто така  страста со која ги извршувате работите ќе ви донесе и дополнителен поттик и посветеност, што е важно за успех.  Секоја работа која преставува задоволство, а не само обврска, многупати е докажано, е поуспешна.  Влегувањето во гранка која вам лично не ве интересира, ќе ја намали вашата, но и мотивираноста на вработените. Значи, избирајте со срце!

Второ, не се фокусирајте само на потребната инвестиција за  влегување во франшизниот систем. Трошоците често се помалку важни од сознанието дека бизнисот во еден момент ќе стане профитабилен.  Поточно, во франшизните системи токму заради големото искуство можно е да се предвиди  кога вложените пари ќе се вратат!  Важно е да се спореди и дознае како финансиски поминале  другите претприемачи  кои работат или работеле под иста или друга франшиза од иста гранка (дејност).

Како да се подготви претприемачот за влез во франшизинг, кои совети можете да ги дадете за почеток?

Многу е важно да се почитува и спроведува бизнис  планот, со подеднаков интерес и внимание како кога водите биснис кој самостојно сте го започнале од нула. За успех не е доволно само позитивното размислување. Пред да ја донесете одлуката за пристап до некој од системите, проверете го од повеќе страни: колку е доверлив, колку се точни добиените информации. Исто така разгледајте ја добро и состојбата на пазарот. Можно е за производот или услугата која сакате да ја понудите да нема голема побарувачка или пак, за дејноста да е потребен внимателен  избор на локација. Учете и постојано вложувајте во себе.  Приватниот бизнис, па дури и во франшизен систем, бара многу вештини: за управување, преговарање и договарање, грижа и работа со корисниците....


најчитани

Од Дубровник во свет /23.01.2019

Директ Букер за кратко време стана бренд во Дубровник – не само како агенција за издавање приватно сместување, туку и компанија која ја промовира туристичката понуда на целиот регион. Своето знаење го преточија во франшиза.

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дка ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Лесни раце градат франшиза /17.12.2018

Андреј Томљеновиќ од Осиек веќе четири години самостојно се бавел со вградување на авто-фолии. Размислувајќи за проширување на својот бизнис, дошол до Car Foil Shop.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

популарно во форумот