Подготвени за франшизинг

Франшизингот
Франшизингот / Франшизингот навистина е моќна развојна алатка и светската практика покажува дека не постои дилема. Таа се решава со одговорите на прашањата дали франшизата е за вас и дали сте подготвени за франшизен развој.
Сабота
18.05.2019
Што да се предвиди и како да се подготви бизнисот за да биде „франшизен“
 

​Последниве години на пазарот има се повеќе франшизни системи, меѓу кои се повеќе се домашни брендови. Тоа значи дека локалните бизниси  го препознаваат франшизингот како добар начин за проширување со што се намалува разликата помеѓу развиеноста на странските и домашните бизниси. На странските пазари франшизингот одамна е прифатен како полноправна, важна форма во развојот,  што пак не може да се рече и за источниот дел од Европа. Едноставно овде франшизингот не се препознава и не се вреднува како ефикасен модел за ширење.  Од друга страна, пак, мора да се каже дека тој и не е вистинскиот пат за секој бизнис.  Оттука, кои би биле основните прашања на кои мора да имате јасен одговор доколку размислувате да започнете со франшизен развој?

Има многу причини за отпочнување со ширење на франшизата, а тие најчесто се: јакнење на пазарните позиции, јакнење на брендот и пред се ширење и утврдување на дистрибутивните канали за сопствените производи или услуги. Преку франшизингот до овие цели се доаѓа со помалку инвестиции, се скратува времето и се агажираат помалку ресурси во однос на другите модели за ширење на дејноста. Ваквите поволности се однесуваат пред се  на тоа што франшизното ширење не бара преголеми инвестиции бидејќи грижата за новите вработувања, новите подружници  е во надлежност на идниот примател на франшизата. Исто така франшизингот отвара можности и за нови канали за приход, пред се франшизниот надомест, но и заштедува бидејќи франшизната мрежа овозможува заедничко купување (поголема куповна моќ), ефикасен маркетинг....

Специфичности

Не треба да се влегува во франшизниот развој пред да се одговори на наједноставното прашање: што нудите? Често бизнисмените не се запрашуваат што е толку единствено или специфично, а е докажано во нивните деловени концепти,  што би можело да им биде понудено на другите преку франшизата. Запрашајте се што е тоа што е содржано во вашиот концепт за да ги предизвика претприемачите да ја купат токму вашата франшиза. Имате ли таков производ, услуга, концепт? Зошто тоа би го сторил и која е придобивката?

Заради тоа,  гледајте на својот бизнис со очите на примателот и обидете се да  откриете што би добиле. Ако имате јасен одговор на ова прашање, тогаш тоа е добар почеток.

Докажано, исплатливо, истрајно?

Никогаш немојте да заборавите дека франшизинг по дефиниција преставува модел на соработка со кој се шират докажаните работни концепти. Во самата идеа за франшизинг се наоѓа и обврската на примателите да им се понуди потврден деловен модел врз основа на искуствата на давателот. За нештата да се наречат искуства би морало да бидат тестирани во пракса (преку реално работење),  а не да бидат само одлична деловна идеа која сигурно работи. И тоа во најмлаку една подружница за најмалку 12 месеци.  Тоа е и најкусиот период потребен за тестирање на стабилноста и сезоната на работењето: да се утврди дали вашиот бизнис во целост е одржлив или е „моден крик“ и минлив тренд.

Поважно е тоа што профитабилноста, исплатливоста на бизнисот кој се нуди преку франшиза не смее да биде ветување, туку јасен факт.  Според личното искуство морате да покажете дека во разумен период, од најмалку една година, бизнисот е профитабилен. Една година е период преку кој се покажува не само одржливоста и профитабилноста,  туку е и  минимален период  во кој може да се воспостави сериозна поставеност и дефинирање на работниот модел со сите негови специфики. Дури тогаш таквиот бизнис може да им се пренесе на другите.

Доколку одговорите на овие прашања се позитивни, тогаш може да се оди натаму, да се размислува за другите преку франшиза, да се понуди сопствен деловен модел. Тука не запираат прашањата.

Правно заштитен (регистриран) печат?

Секоја франшизна мрежа се препознава по единствениот бренд, а посебно по печатот (име или логотип) кој графички го преставува брендот. Сигурно сакате клиентите целата мрежа да ја доживеат како еден единствен бренд. При тоа не се работи само за печатот, туку за  целиот визуелен идентитет на концептот што вклучува и дизајн на ентериерот,  опрема, симболи, униформи итн. Сепак постои само еден начин сето тоа и формално да се заштити од злоупотреба – правна заштита на печатот. Многу е тешко да се заштити просторот или дизајнот, но релативно е едноставно да се заштити печатот, а тоа   најчесто е доволно себе си и своите партнери да се заштитите од потенцијални злоупотреби, копирања и  плагијати. Ви препорачуваме и ве советуваме никако да не го прескокнете овој чекор.

Дали е исплатливо?

Кога размислувате за франшизинг, секогаш имајте на ум  дека постојат две страни – Вие и Вашиот примател и  дека двете страни мораат да имаат финансиска сатисфакција. Едноставно, бизнисот мора да биде исплатлив. Заради тоа мора да имате одговор и на прашањето за исплатливоста: колку ќе ве чини развојот и ширењето на франшизата и што можете од тоа да очекувате. Следува прашањето  за исплатливоста на франшизата за примателот. Нема никаква смисла да се креира концепт кој е исплатлив за вас, а не и за идните партнери. Таков нема да успее. Франшизата мора да биде win-win!

Како ќе ја креирате, а како ќе ја продавате франшизата?

Иако одговорите на сите претходни прашања се позитивни, тоа и натаму е само почеток. Следува креирањето на франшизниот пакет – збир од елементи кои ја сочинуваат франшизата. За тоа веќе говоревме, но да се потсетиме што го сочинува: јасно дефиниран модел за соработка (деловен модел) со сите елементи ( надомест, услови, обврски...); франшизен договор кој дефинираниот деловниот модел ќе го преточи во договорена соработка; оперативни прирачници, форми, нацрти...

Сериозен франшизен пакет секогаш содржи и т.н. финансиски модели – модели кои се засноваат на деловни практики кои прецизно ги предвидуваат можните резултати  од работењето на идните приматели.

Франшизата бара и дополнителни подготовки на самиот бизнис. Некој ќе мора да преговара со кандидатите, некој ќе треба да одржува обуки, а подоцна и да обезбедува поддршка за примателите. Се на се, дали сте ги подготвиле системот и тимот за тоа?

Конечно, кога се ќе биде подготвено  останува прашањето за продажба. Мора да имате одговор и на прашањето како да ја понудите франшизата на заинтересираните претприемачи. И самата франшиза е производ, во случајов цел бизнис, а не само одреден производ или услуга. Но секако ќе бара маркетинг и стратегија за продажба како и се она што претходно сте го работеле  креирајќи ја дејноста од која произлегла франшизата. При тоа и целната група сега е поспецифична. Продавањето на бизнис е малку поспецифично и потешко отколку да се продаде производ или услуга врз кои сте го изградиле бизнисот!

Франшизингот навистина е моќна развојна алатка и светската практика покажува дека не постои дилема. Таа се решава со одговорите на прашањата дали франшизата е за вас и дали сте подготвени за франшизен развој.

Консултанти на компанијата PROFIT system

Доколку сакате да зборувате со консултантите за франшизинг за можностите за франшизен развој (без обврски) или доколку имате прашања или дилеми во врска со тоа – пополнете го формуларот долу и чекајте на повик од консултантската компанија PROFIT system.


Контакт информации
Контакт информации
If you see this, leave this form field blank
Profil mężczyzny
PROFIT system

погледнете ги текстовите

Модели на експанзија на странските пазари /19.08.2019

Секој франшизен систем избира или создава начин на кој ќе се шири на странските пазари. Практиката пак, покажува дека постојат пет основни модели. Како да се избере вистинскиот?

Истражување на пазарот на франшизи во Србија /14.08.2019

Во Србија во 2018 година се евидентирани околу 200 франшизни системи, што е раст од околу 22 % за период од пет години- според анализата на пазарот која ја направи компанијата PROFIT system.

Дигиталните вештини во основата на бизнисот /31.07.2019

Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

популарно во форумот