Со DepilConcept до сопствен бизнис

Немања Никодијевиќ / „Важно е, според наше мислење, зад нас да стои стручно и професионално лице кое би ни помогнало да влеземе во работата на вистински начин - а во досегашната соработка се уверивме дека сме направиле вистински избор станувајќи приматели на мастер франшиза на “DepilConcept“
Понеделник
05.08.2019
Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.
 

Немања и Ирма Никодијевиќ по образование се правници кои одлучиле да започнат сопствен бизнис - но не биле сигурни каков. Размислувале за нешто што е перспективно и недоволно развиено во Србија и биле сигурни дека најдобро е да земат франшиза. Анализирајќи го пазарот и понудата на франшизи се определиле за дејноста нега и убавина, одбирајќи франшиза која се занимава со епилација.

Сакавме да започнеме дејност која е перспективна и заклучивме дека тоа е всушност сегментот епилација. Три години имавме подружница во Нови Сад како дел од еден франшизен систем. Не се излажавме во проценката на дејноста, но се соочивме со неодговорен пристап кон работата на давателот на франшизата. Сакавме побргу да напредуваме, но немавме можност за тоа. Кога видовме дека не можеме тоа да го оствариме, одлучивме да побараме друго решение – објаснува Немања Никодијевиќ.

Иако немале позитивно искуство, не се откажале од франшизниот концепт и кон крајот на минатата година станале приматели на мастер франшиза на португалскиот бренд DepilConcept - специјализирани естетски центри за епилација и третман на влакна. – Увидовме дека франшизингот е апсолутно добар модел за дејствување. Бевме свесни дека проблемот не е во моделот на работење и франшизингот воопшто, туку во луѓето. Во дејноста која опфаќа негување на телото, франшизингот е иднината, особено во Србија. Убавината е во тоа што не е неопходно знаење за областа во која влегувате, ниту за претприемништво - како што беше случајот со нас. Важно е, според наше мислење, зад нас да стои стручно и професионално лице кое би ни помогнало да влеземе во работата на вистински начин. Во досегашната соработка се уверивме дека сега го направивме вистинскиот избор станувајќи примател на мастер франшизата за DepilConcept – вели Немања.

Првиот DepilConcept центар отворен во Белград

Немања и Ирма по потпишувањето на договорот за мастер франшиза, посетувале трoнеделна обука  во Лисабон, којашто и двајцата ја поминале.  По деталните подготовки првиот DepilConcept центар започнал да работи во Белград на 1 април. – Да се донесе нов бренд на пазарот е сложена работа и затоа подготовките беа сериозни и траеја неколку месеци – истакнува Немања.

Иако се препорачува DepilConcept центрите да се отвораат во продавници кои имаат имаат директен пристап на улица, првиот е отворен во стан. Тоа не е случајно. – Детално ја анализиравме микролокацијата за да ги дознаеме желбите на клиентите. Давателите на франшизата заедно со нас беа вклучени во изборот на локација. Иако не го познаваат нашиот пазар, имаат предзнаење и искуство, па можеа да не посоветуваат што е добро за DepilConcept центрите. Нивната препорака е центрите да се отвараат во продавници кои имаат директен пристап на улица, но ги прифатија нашите сугестии и специфичноста на Белград кога станува збор за оваа или слична дејност. Имено - клиниките, поликлиниките, ексклузивните салони во овој град се отвораат главно во станови. Ретко можат да се сретнат во улични продавници бидејќи белграѓаните бараат приватност. Во Нови Сад, пак, е многу поинаку – објаснува Ирма.

Давателот на франшизата, како што вели овој млад брачен пар, водел сметка за секој детаљ, па морале да ги испочитуваат повеќето елементи: локацијата да биде најдобра, со определена површина (од 40 до 70 м2), со определен број на простории, додека пак ентериерот се уредува според претходно подготвен проект. – Просторот мора да биде пријатен за вработените, како и за клиентите – вели Немања.

DepilConcept ги нуди сите услуги за влакна: епилација, депилација, надградба на трепки, корекција на веѓи и трајна шминка на веѓите, од кои епилацијата е основна дејност. – Не се занимаваме со ништо друго, насочени сме на една област, што им дава сигурност на клиентите. Вработените мора да имаат завршено најмалку средно медицинско училиште  бидејќи клиентот не сака на секого да му се препушта за третман. Посебно ни е важно клиентите да се чувствуваат  сигурно. Затоа вработивме и специјалист дерматолог кој ќе биде поддршка на нашиот бренд, на примателите на франшиза и на клиентите. Покрај формалното образование, вработените мораат да ја поминат и нашата обука за да станат DepilConcept терапевт – објаснува Немања.

Целната група на DepilConcept главно се луѓе од 18 до 45 години, меѓутоа таа граница се повеќе се намалува. Како што вели Ирма, децата поради хормоналните промени се почесто се влакнести и со вкоренети влакна. Машките се почесто се целна група и тие сочинуваат 20% од клиентите, меѓу кои значаен дел заземаат спортистите.

Првиот впечаток за белградскиот пазар, според нив, е позитивен. – Кога клиентите ќе влезат во нашиот простор, добиваме пофалби за изгледот и за приспособеноста кон дејноста која ја вршиме. Идејата е DepilConcept центрите да наликуваат на клиники и на тој начин да се диференцираат на пазарот. Нас не привлече и тоа што DepilConcept постојано оди напред. Неодамна  е направено ребрендирање, така што новиот изглед на логотипот и новите бои наидуваат на позитивен впечаток кај клиентите. Постојано работат на унапредување на брендот и вкупното работење. Се прилагодуваат на 21 век, сфаќаат дека стандардите се менуваат и ги следат новите трендови. Тоа ни беше добар показател на кој начин системот размислува за развојот на работата во иднина – вели Ирма, која е и тренинг менаџер на брендот DepilConcept за Србија.

Мрежата се шири

Како приматели на мастер франшизата, Никодијевиќ имаат право да продожат натаму со продажба на одделните франшизи на подрачјето на Србија. Првиот франшизен договор веќе е потпишан и на 15 јули отворен е дополнителен франшизен центар во Младеновац.

На сите заинтересирани претприемачи, DepilConcept им нуди три франшизни пакети. Почетниот чини 28.000 евра (плус ДДВ) и подразбира IPL технологија за третмани на епилација, оперативна кабина за третмани на депилација, третмани со надградба на трепки и сет на ексклузивната линија на производите на DepilConcept. Вториот пакет чини 30.000 евра (плус ДДВ) и наместо IPL технологијата се добива ласер. Пакетот од 36.000 евра навистина е целосен и вклучува се што е претходно споменато. Немања и Ирма објаснуваат дека постои можност некој да започне со најмалиот пакет, па дополнително да го купи останатото. Покрај оваа почетна инвестиција  и вложувањата во ентериерот на локалот, франшизата подразбира и месечно одвојување на 250 евра за маркетинг на национално ниво и 250 евра редовен royalty надомест.

Целата технологија и сите производи се приспособени на протоколите за работа на DepilConcept. Истакнуваат дека е многу значајно тоа што препаратите и апаратите се исти за сите пазари.

Можно е да се отвори франшиза во места со најмалку 30.000 жители. – Цената на нашите услуги е прифатлива за секој дел од земјата, што е многу важно за ширење на бизнисот. Сепак, градовите во Србија се различни, заради што е многу важно да се направи детална анализа за секое потенцијално место. Ние тоа веќе го правиме за да им дадеме податоци за потенцијалните места на заинтересираните и затоа што сметаме дека тие локации дават можност. Не ни е од интерес да отвориме франшизни единици кои потоа ќе се затворат – нагласува Ирма.

Вистинскиот примател на франшиза, како што велат, е одговорна личност која разбира колку е потребно ангажирање околу отпочнувањето и развивањето на работата, а воедно е и свесна дека најважната работа во франшизингот е професионален и внимателен пристап кон работата. – Со самото купување на франшизата започнува приказната која има предиспозиција да биде успешна, а колку истата ќе биде - зависи од примателот на франшизата и неговата ангажираност. Важно е да сфатат дека никогаш не е доволно нивото на знаење и учење, па затоа мора да постои подготвеност да се прифатат иновациите, новите трендови. Секако дека преставува предност доколку некој веќе се занимавал со приватна работа бидејќи може да ја сфати филозофијата на претприемништвото, но франшизата е идеален модел за почетници, односно за оние кои немаат никакво искуство – вели Немања.

Ирма смета дека е идеално кога брачна двојка зема франшиза бидејќи мажот може да ја преземе менаџерската работа, додека жената може да биде фокусирана на самото функционирање на центарот. Тешко е, велат, еден човек да ги врши сите работи, иако не е невозможно. – Ова е бизнис од кој семејството може убаво да живее – нагласува таа.

Што ги издвојува на пазарот

Покрај, како што велат, пристапните цени и уредувањето на центрите по примерот на клиниките, една од работите која ги издвојува од другите е и „пишаниот сертификат за гаранција“. Се работи за тоа дека DepilConcept на секој клиент му гарантира дека резултатот ќе го постигне за одреден број на третмани. Во Португалија (од каде потекнува овој концепт), само три пати за 12 години се случило да биде активиран сертификатот. Според зборовите на Ирма, тоа биле случаи во кои клиентите биле екстремно влакнести. – Тоа е доволен показател за пристапот на брендот кон работата. Затоа брендот има повеќе од 200.000 задоволни клиенти во неколку земји. Таквото обврзување е добро и за терапевтите бидејќи ги принудува на секој третман да му пристапуваат со сериозност – вели Немања.

Секој клиент за третманите мора да купи сет кој вклучува заштитни очила (кои ги носи за време на третманот), крем за нега на епилираната кожа кој се користи пред и по третманот и жилет/брич. – Се работи за личен сет кој е потребен за да го извршиме третманот. Сетот се купува бидејќи DepilConcept заклучил дека доколку се подарува, клиентот нема да води доволна грижа за него. Доколку нешто се загуби или потроши, може да се купи – објаснува Ирма.

Бизнисот сакаат да го развиваат чекор по чекор и затоа не планираат премногу долгорочно. Кога резултатите тоа ќе го дозволат, ќе ја разгледуваат можноста да отворат нови единици, а подготвени се  и за партнерства. – Желба ни е да имаме и една сопствена единица во помало место бидејќи сакаме да докажеме дека оваа франшиза може да работи и во помалите места, некаде дури и подобро отколку во голем град – нагласува Ирма.

DepilConcept е создаден пред 12 години во Португалија, а денеска свои франшизни подружници има во Полска, Бразил и Србија.


DepilConcept франшиза / Услуга за епилација како можност за отпочнување на перспективен бизнис
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот