Body Creator

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Body Creator e oснован во 2001 година и од почетокот на своето работење промовира холистички пристап кон проблемот на прекумерна телесна тежина и слабеење. Неговиот метод на работа е целосно природен, оригинален, со основен постулат: се да е природно и методот да не вклучува гладување. 

Методата Body Creator не е само метода за слабеење, туку и т.н. weight management program - програма за управување и одржување на телесната тежина.

Body Creator својата успешна метода и know-how ги споделува со претприемачите преку создавање на деловен модел на франшиза и продажба на истата. Се работи за центри за здраво слабеење и трансформација на женското тело со посебна Thermo-slim метода.

Body Creator е основан со претходно зацртан план да својата работа, по иницијална проверка на пазарот во пилот-центарот во Загреб, ја прошири и низ цела Хрватска и регионот - преку франшизна мрежа. Со оваа мисија, Body Creator ја создаде основата на бизнисот од 2001 до 2004 година, испитувајќи го секој сегмент од својата работа и создавајќи основа за франшизниот модел. Така е дизајниран франшизниот бизнис модел кој е понуден на пазарот како нов успешен концепт на центри за здраво слабеење и трансформација на женското тело со целосно природен, холистички и многу ефикасен метод. Брзо се покажа дека концептот е најпривлечен за жени кои сакаат да влезат во светот на претприемништвото и да не се оставени сами на себе во тој процес, како и на компании и хотели кои сакат да го прошират своето портфолио услуги. 

Body Creator методата на слабеење се заснова на Thermo-slim учинокот, кој првенствено се однесува на активно вежбање во термоактивен амбиент, во специјално дизајнирани термо-капсули - активно вежбање на физиолошка температура. Методот е наменет за сите кои сметаат дека им е потребна помош во обликувањето на своето тело.

Посетата на Body Creator центарот започнува со договарање термин за сеопфатна анализа на телото, која вклучува компјутеризирана антропометриска и метаболичка анализа на телото и нутриционистичко советување. Врз основа на ова и на целокупното здравје на поединецот, експертите одредуваат целосно персонализирана програма. Во текот на програмата, внимателно се следи физиолошкиот одговор на организмот на третманите, така што тие се прилагодуваат на возраста, здравствените и кондиционите можности. Поради оваа причина, важен дел од самиот метод е писмената гаранција за договорените резултати која секој клиент ја добива по извршената анализа на телото. Накратко: ако нема резултати, парите се враќаат.

Зошто да купите франшиза Body Creator?

Одговорот на тоа прашање лежи во фактот дека живееме во време на голем пораст на индустријата за слабеење и дека тој сектор расте дури и во време на економска криза. Овој раст е оправдан преку неколку важни фактори кои имаат големо влијание:

1. Пораст на секторот  за слабеење

Дебелината и стресот, како и нивните последиц, кои земаат се поголем замав во светот, стануваат 'рбетен столб на порастот на секторот за слабеење, кој се смета за еден од најперспективните бизнис сектори. Сето ова потекнува од тоа што превенцијата и санирањето на дебелината се услов не само за убавина, туку и за подолг живот и подобар работен век на една личност. Во однос на превентивните активности и успешноста на методот, Body Creator е најпознатиот бренд во регионот.

2. Работење и во нишата на корпоративен бизнис 

Корпорациите се повеќе се посветени на обезбедување на третмани за рекреација, релаксација и слабеење за своите вработени, за да можат да ја зголемат работната способност на поединецот, а притоа да обезбедат големи заштеди за претпријатието (помалку боледувања), што обезбедува одлични можности за работење на холистичкиот центар за слабеење каде Body Creator е еден од водечките брендови.

3. Франшизен однос - одржливо претприемништво 

Франшизното работење од година на година се почесто станува избор на новите претприемачи. Франшизата се смета за одржлив и безбеден влез во претприемништвото, со оглед на знаењето, искуството, обуката и тековните совети што ги дава давателот на франшиза.

Body Creator е единствен хрватски бренд во велнес-секторот којшто се шири преку продажба на франшиза. Бројот од 9 лиценцирани партнери и 5 франшизни партнери, како и отворањето на втор центар во Словенија се доказ за успехот на оваа франшиза.


4. Искуство и know-how на давателот на франшиза

Клучот за успех се големото локално искуство и одличното познавање на пазарот на здравствениот wellness и франшизниот сектор во Хрватска и во регионот. Ова искуство помогна во креирањето на многу ефикасна франшиза која е лесна за “клонирање“ во друго подрачје, а преку обука, тренинг и континуирано подобрување може да се пренесе на било кој примател на франшиза.

5. Предзнаење и искуство во секторот не е потребно

Оваа франшиза е дизајнирана така што сите лица, без оглед на нивното претходно знаење и искуство, можат успешно да го водат овој бизнис и да обезбедат поврат на нивната инвестиција во период од 12 до 18 месеци.

6. Одлична и проверена метода за слабеење со која можете да гарантирате резултати и во пишана форма 

Резултатите од успехот на методите за слабеење на Body Creator зборуваат сами за себе. Од 2001 година до сега, во сите центри, нашите клиенти имаат изгубено вкупно околу 55 тони (55.000 кг), што е околу 385.000 сантиметри (385 км) намален телесен обем. Ова се резултатите на кои им се придружува секој нов примател на франшиза кога отвара Body Creator центар во својот град.

Што значи да се биде примател на франшиза на Body Creator центарот?

Да се по​​стане придружен член на Body Creator, односно примател на франшиза - значи да се доверите на група искусни професионалци кои суверено владеат со сите аспекти на оваа дејност и на тој начин да се вклучите во приватно претприемништво со многу поголема сигурност за успех.

Не е потребно никакво предзнаење, се што треба се стекнува на многу стручна и обмислена обука и тренинг, а служи за тоа да ги насочите вашите претприемачки вештини и да ја зголемите стручноста на вашите вработени и сопственици кои ќе работат во Body Creator.

Методологијата на работа на центарот, организацијата, можноста да се искористи целиот внатрешен потенцијал како и добро осмислената реклама се аргументи кои ги нема конкуренцијата. Body Creator зад себе има организација која ќе ви помогне да ги изберете најдобрите работници и производи, опрема која е основа на методот на работење и која не може да се купи во слободна продажба.

Термо-капсулите ги произведуваме самите и врз основ на вежбањето во нив можеме да ги гарантираме договорените резултати писмено.

Експертите на Body Creator постојано се усовршуваат за да го споделат своето знаење со партнерите и за да се биде секогаш еден чекор понапред од конкуренцијата нудејќи им на крајните клиенти висок професионализам, ефикасност и квалитет во исклучителен амбиент, а на партнерите - приматели на франшиза - метод со кој тие можат да ги остварат своите претприемачки соништа и да обезбедат добра заработка.

Третманите за слабеење и преобликување на  телото се изведуваат со помош на најсовремени  технологии за да се постигнат најдобри резултати за примателите на франшиза, што обезбедува конкурентска предност во овој деловен сектор.

Обука и тренинг за примателите на франшиза 

Обуката на примателите на франшиза и нивните вработени се состои од усовршување во областа на здравјето и естетиката, техниките за продажба и комуникација, исхраната, ефикасната употребата на времето и слично. Обуката им овозможува на примателите на франшиза автономно да управуваат со бизнисот и да го вратат вложениот капитал во рок од 12 до 18 месеци.

  • Know-how
  • Обука:
    • Теорија I
    • Практична примена
    • Обука за оперативно работење во франшизниот систем I - Теорија
    • Обука за оперативно работење во франшизниот систем II - Практична примена
    • Законитости на успешна продажба
    • Третмани, теорија и практика
    • Изработка на маркетинг план / користење на заедничка веб-страница
    • Маркетинг на социјалните мрежи
  • Прирачник за франшизно работење во четири примероци
  • Мастер CD - со сите потребни документи
  • Маркетинг поддршка со материјали
  • Регистрација на заедничка веб-страна
  • Регистрација на сопствена Facebook страна
  • Поддршка за отворање на првиот центар
  • Максимална поддршка во процесот на пристапување

Body Creator е носител на Европскиот сертификат за квалитет на франшизата, што му дава дополнителен кредибилитет на пазарот. 

сопствени деловни единици

1 (Хрватска)

франшизна единица

Хрватска: 5 франшизи + 9 партнери (лиценца)
Словенија: 2 франшизи + 3 партнери
Албанија: 1 франшиза
Романија: 1 франшиза

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Што нуди франшизата Body Creator:

  • концесија/користење на името, методи, know-how
  • софтвер и прирачник за водење на центарот и употреба на методите
  • мобилна апликација
  • врвна апаратура која е дел од методот 
  • обука и тренинг на вработените и сопствениците во инструкторскиот центар во Загреб
  • менторство во првите денови на работење
  • апсолутна помош во фазата на отварање на центарот со можност за изработка на детален план за негово уредување
  • деловни прирачници со комплетна формуларистика
  • менторство за позиционирање и маркетинг

очекувана вкупна инвестиција

Body Creator има 3 формати на франшиза кои дополнително можат да се прилагодат на желбите и потребите на примателот.

Вкупно вложување:

  • MONO формат – 30.000 €
  • MINI формат –    43.000 €
  • OPTIMA формат – 52.000 €
  • Мастер франшиза за поединечна земја во регионот - 15.000 € + отварање на пилот-центар во таа земја

основни барања

  • Примателот на франшизата треба да обезбеди деловен простор на локација која има паркинг во близина (сопствен имот или изнајмен простор)
  • Треба да присуствува на обука заедно со идните работници
  • Треба да има добри комуникациски вештини
  • Претходно знаење од овој деловен сектор не е важно

информација за давателот на франшиза

CAPACITAS CATENA JDOO

ANINA 80, ZAGREB, HRVATSKA

+385 981697427

lkukec@inet.hr

bodycreator.com

контакт особа за кандидатите

mr. sc. Љиљана Кукец

проф. (хрватски

англиски

италијански)

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Body Creator

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства /29.04.2020

Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.