КАКАО центар / Во КАКАО центар се нудат услуги за маникир, педикир, нега на тело, вградување на свилени трепки, отстранување на тетоважи со скиниал метода, а Центарот пред се е препознатлив по микроблодинг и трајна шминка кои услуги со текот на времето станаа негов заштитен знак.
Среда
30.01.2019
Центарот за нега на убавина CACAO работи шест години и својот работен концепт го нуди преку франшиза. Првата франшиза е отворена во Загреб, а втората во Подгорица. Ширењето продолжува во Србија. Како го постигнале сето ова?
 

После раѓањето на првото дете и одлуката да не се враќа на старата работа во стоматолошка ординација, крагуевчанката Марија Чалија започнала интензивно да размислува за работа која би можела самостојно да ја води. Бидејќи по струка е заботехничар, веќе имала одредена вештина во рацете. Не зачудува фактот што се определила за маникир. Започнала со мала инвестиција во неопходна опрема. Во еден агол од семејната куќа, многу брзо, благодарејќи на својата умешност, привлекла голем број на клиенти.  Меѓутоа, обемот на работа за само неколку месеци  ги надминал нејзините можности – денот станал прекраток да одговори на сите барања. Согледувајќи дека една занаетчиска работа како што е маникирот може да се развие во добар бизнис, нејзиниот сопруг Немања Чалија и предложил целата работа заеднички да ја припремат.  Таа година (2012) го осмислиле брендот CACAO (КАКАО) и го изнајмиле првиот простор од 35 метри квадратни во Крагуевац. Вработиле уште две работнички и започнале со работа „во ново руво“, во почетокот нудејќи неколку услуги.

- Студиото го градевме врз синергијата на „две вештини“ – онаа на Маријана во давањето услуги за убавина и моето знаење поврзано со организацијата на работата и маркетинг. Марија сама по себе стана бренд во Крагуевац. Сите сакаа да дојдат кај неа на маникир. Од друга страна, пак, јас во тоа време работев како заменик директор во спортски центар, водев тим од 64 работници, сложена организација... Оттука организацијата на работата и маркетингот ми беа многу блиски – објаснува Немања Чалија.

Одлуката на Марија да оди на обука за микроблејдинг во време кога таа услуга срамежливо почна да се нуди во Србија им го променила животот. – Секогаш бев љубопитна, сакав да знам кои се трендовите во светот на разубавувањето.  Така открив дека се појавила и новата услуга микроблејдинг која многу ме заинтересира. Одлучив да одам на обука кај Бранко Бабиќ, кој е творец на оваа метода на цртање на веѓите. Многу познати личности се негово заштитно лице.  Мислам дека бев меѓу првите 50 кандидати во светот кои тој ги обучи, а меѓу првите таа услуга почнавме да ја нудиме во Србија, во студиото КАКАО – објаснува Марија Чалија.

Не поминало многу време и Марија со оваа услуга го освоила Крагуевац. КАКАО станало едно од најпознатите студија за негување на убавина во градот. Брзо просторот им станал претесен. Немања одлучил да се преселат во нови простории повнимателно и подетално осмислувајќи го целиот концепт и ентериерот на новиот центар.

Благодарејќи му пред се на микроблејдингот приходите ни се зголемија и имавме сила да се преселиме во поголем простор, но со осмислен дизајн и целосно решение на ентериерот. Така, денеска во КАКАО центарот се нудат повеќе услуги: маникир, педикир, негување на телото, вградување на свилени трепки, отстранување на тетоважи со Скиниал (SKINIAL) методата, а Центарот и  натаму е препознатлив по микроблејдингот и трајната шминка кои услуги со време станаа и заштитен знак на КАКАО центарот.

За да се задржи квалитетот на услугите, но и да се прошири обемот на тоа што КАКАО го нуди, сфатија дека  мора да развијат и сопствен едукативен центар. Така настанала КАКАО академијата. Имено, се покажало дека Марија покрај тоа што има карактеристична „дарба во рацете’, умее многу добро своето знаење да го пренесе на други. Во почетокот кога ја основала Академијата главно обучувала кандидати за микроблејдинг, но подоцна спектарот на обуки и предавачи се проширил. Денеска Академијата е место  каде се организираат обуки за повеќето услуги кои се нудат на пазарот за негување.

Немања и понатаму се грижи за организацијата на работата, маркетингот и развивањето на бизнисот. – Кога размислував што би можело да биде следен чекор, сфатив дека концептот прво треба да го зацврстиме, а потоа да развиеме франшиза - вели Немања Чалија.

Тргнаа од тоа дека прво треба го организираат снабдувањето на самиот Центар, не само со прибор и опрема, туку и со потрошен материјал кој со оглед на бројот на клиентите и порастот на прометот се трошеше во се поголеми количини.   – Со тоа, во текот на овие години успеавме да придобиеме многу сериозни клиенти. Некои од нив на пример се подготвени после третманот со кремите на Диего Дала Палма (Diego Dalla Palma) да купат и за дома, иако се работи за исклучително скапи производи. Ние сакавме сето тоа да го добиваат на едно место, кај нас – вели Немања.  Заради тоа ја носат одлуката и во октомври 2016 веднаш до Центарот за негување на убавината  отвораат дрогерија КАКАО која од тогаш ги следи сите потреби на Центарот и нуди комплетен асортиман на производи за негување. – Дрогеријата стана голема поддршка за целиот систем  бидејќи ни овозможува да преговараме за подобри цени при набавка на стоката и да добиеме поголем попуст (рабат). Таа преставува и дистрибутивен центар кој го заокружи КАКАО концептот и го овозможи следниот чекор - развој на КАКАО франшизата - објаснува Немања.

Франшизниот систем, како што кажува, го подготвувале неколку месеци.  Имале и стручна помош од консултанти за франшизинг. – Додека ја развивавме франшизата многу го подобривме и целото работење, односно самиот систем. Денеска, на потенцијалните приматели точно знаеме да им кажеме како нивниот центар треба да изгледа и што треба да прават.  Тие добиваат не само изграден бренд, туку и целосен визуелен идентитет, подготвен процес на опремување, комлетен проект за уредување. Среден е и системот на доставувачи од кои се купува или кои ја прават неопходната опрема како што се масите за маникир, за микроблејдинг и другите елементи од ентериерот. На крајот,  примателите добиваат список на производи и средства кои ги користат во нивната работа, но и среден систем за набавка во најголем дел од едно место - објаснува Немања Чалија. Примателите на франшиза и вработените во центрите минуваат низ задолжителна едукација во КАКАО академијата. – Со супервизијата и пренесувањето на знаењето на Марија, подоцна секој примател на франшиза услугите ќе ги дава според стандардите на мрежата и унифицирано. Нам тоа ни е важно не само заради создавање на силен и доверлив бренд, туку и заради можноста  од самата мрежа еден ден да се издвојат најдобрите и најталентираните козметичари кои ќе добијат можност да станат КАКАО специјалисти – како што е Марија. Тие ќе даваат премиум услуги, ќе држат обуки и ќе бидат достапни за сите работни единици во КАКАО мрежата.  Така ќе имаат и дополнителен приход – размислува чекор напред Немања. Поддршката  за примателите на франшизата, како што вели, не заостанува ниту кога се работи за маркетингот. Тие можат да сметаат на активно и таргетирано огласување на Facebook и Google, а ќе добијат и разработен маркетинг план.

Зависно од големината на просторот за отворање на КАКАО студио потребно е да се инвестира од 6.000 до 10.000 евра. Тука е вклучено опремувањето на ентериерот и првичното обезбедување на стока. Влезниот франшизен надомест изнесува 1500 евра, а редовниот месечен од 50 евра па нагоре во зависност од ексклузивноста на подрачјето.  Покрај овие, треба да се додатат и трошоците за едукација.

Првата франшиза отворена е во Загреб. Тоа, според зборовите на Немања Чалија било планирано, но и тест за целиот КАКАО концепт – да проверат дали ваков систем може да успее и на други подрачја.  Примателите на франшиза се исто така сопружници – комбинација во која сопругата е задолжена за услугите и самиот Центар, а сопругот за организација, маркетинг и развој. – Среќни сме не само затоа што првата франшиза е отворена надвор од Србија бидејќи нашиот бренд го гледаме и надвор од земјата, туку и затоа што за кратко време се покажа дека концептот е успешен - вели Немања Чалија. Следеше уште еден франшизен договор и тоа со Подгорица во Црна Гора, а потоа и првата франшиза во Србија – Ужице.
Од јануари 2019 година КАКАО е во потрага по партнери на македонскиот пазар.


Франшиза / Зависно од големината на просторот за отворање на КАКАО студио потребно е да се инвестира од 6.000 до 10.000 евра.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

популарно во форумот