Со анализа до вистинска одлука

Зошто франшиза? / Претприемачот кој сака да развие бизнис, мора да вложи релативно многу средства, додека во многу случаи воопшто не може да биде сигурен дека инвестицијата ќе ја врати во разумен рок. Со пристапувањето до франшизната мрежа овој ризик значително се намалува.
Четврток
19.12.2019
Бројот на франшизи на пазарот, полека, но постојано се зголемува. Најважно е да се најде одговорот на прашањето како да се избере вистинската. Добри совети за тоа дава Марек Халфар, регионален директор на консултантската куќа PROFIT system Чешка.
 

Покрај сите предизвици, луѓето често сонуваат за отпочнување на сопствен бизнис. Зошто, во тој случај, би требало да размислат за купување на франшиза?

Отпочнувањето со нов бизнис бара многу сила, време и пари. Претприемачот кој сака да развие сопствен бизнис мора да вложи релативно големи средства, додека во многу случаи не ни може да биде сигурен дека инвестицијата ќе ја врати во разумен рок. Со пристапувањето кон франшизна мрежа ваквиот ризик се намалува. На давателот на франшиза му е од интерес неговите франшизни партнери да работат профитабилно бидејќи само така од продажбата на франшизата ќе има полза на подолг рок. Така, на пример, давателот на франшиза нема да дозволи примателот да отпочне со работа на несоодветна локација, нема да му дозволи  да направи грешки кои можеби и самиот ги сторил на почетокот.  И тоа, би рекол, е една од најголемите предности  на франшизната соработка – примателот на франшизата не мора да прави почетнички грешки, бидејќи давателот сето тоа го поминал и совладал.

Претприемништвото и купувањето франшиза целосно ви го менуваат животот. Како да го направите најдобариот избор?

Претприемачот прво треба да размисли за областа во која сака да развива бизнис. Секако, треба да го земе предвид тоа што му се допаѓа, во тоа што ужива, какво искуство има, кои вештини ги поседува, кој е неговиот сон. Но, имајте на ум дека овде се работи за бизнис – не е пресудна добрата идеја, туку проценката дали работата ќе опстојува. Имено, треба да бидете сигурни дека производот или услугата кои ги нудите ќе бидат барани на вашиот пазар. На крајот од денот, целта на секој претприемач е профитот. Исто така, кога размислува за финансиите, претприемачот треба да знае колку смее да вложи во бизнисот. Не е добро да вложувате пари кои не сте подготвени да ги изгубите. Затоа, пред да отпочнете со бизнис, имајте резервен фонд. Запомнете, бизнис со франшиза го намалува, но не го елиминира во целост ризикот од неуспех.

Колку е важно името, брендот под кој ќе работите кога ќе купите франшиза? Можеме ли  да кажеме дека тоа е неопходен, но не и доволен услов за успех?

Така е. Многу критериуми треба да се земат во предвид кога избирате франшиза. Со веќе споменатите предуслови: утврдете што сакате да работите и колку пари  можете да вложите,  треба и внимателно да ја споредите понудата. Состојбата на пазарот на франшиза е такова што во рамките на една гранка има по неколку компании и системи кои нудат франшиза. Многу од нив ги рекламираат и детално ги преставуваат своите франшизни пакети на специјализираните портали за франшизинг.Значи, можеме да кажеме дека најдобар начин за избор на франшиза е да направите споредба. Проучете ги условите за соработка на секој систем, што нудат давателите на франшизата, а што очекуваат од вас како примател. Обрнете внимание на тоа колку долго компанијата постои на пазарот, колку има сопствени, а колку франшизни подружници. Значи, потребна е мала истражувачка работа. Пронајдете што повеќе информации за брендовите за кои сте заинтересирани. Пребарајте по списанија, интернет, проучете ги деловните форуми. 

Сепак, ова се само официјално достапни податоци. Можно ли е системот да се види и „од внатре“?

Постојните приматели на франшиза се многу важен извор на информации. Можеби не е лоша идејата да отидете во некоја франшизна подружница и да го замолите сопственикот за краток разговор. Ако наидете на личност која е достапна и расположена за разговор, ќе добиете многу полезни информации. Дури и да има работи за кои не би смеела да говори, сепак ќе ви каже што и се допоаѓа во тој систем и кава е комуникацијата и односот со давателот на франшизата. Во секој случај, ќе добиете информации кои давателот нѐ така лесно би ги споделил со вас. 

Што друго препорачувате?

Кога ќе се направат првите чекори во соработката, состаноци и разговори, многу е важен впечатокот кој преставниците на франшизата ќе ви го остават. Иако одлуката не треба да се носи врз основа на стекнатиот впечаток, не треба ниту да се потцени тоа чувство. Понекогаш инстинктот не греши кога се работи за одлуката има ли смисла да се соработува со некого или не. На крајот, пред да се согласите на соработка, треба внимателно да ги проанализирате документите кои давателот на франшизата ќе ви ги даде на увид. При тоа, добар знак е ако давателот на франшизата ќе ви го даде договорот или бизнис планот без посебни услови, бидејќи така работат сериозните системи. Примателот и покрај тоа, може да побара помош од адвокат или франшизен консултант кои би помогнале правилно да ги протолкувате условите од договорот или  да дадат полезни сугестии. 


Марек Халфар, регионален директор на консултантската куќа PROFIT system Чешка / „Кога размислува за франшиза, претприемачот треба да знае колку смее да вложи во бизнисот. Не е добро да се вложуваат пари кои не сте подготвени да ги изгубите. Затоа, пред да отпочнете со бизнис, имајте резерва. Запомнете: земањето франшиза го намалува ризикот од неуспех, но не го отстранува целосно.“

погледнете ги текстовите

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

Време на криза - размисли и дејствувај /28.03.2020

Како ќе се одрази COVID19 пандемијата на работењето на франшизните системи и за што треба да размислуваат давателите на франшиза? За ова разговараме со Игор Богојевиќ, PROFIT system

Цени ја оригиналноста, но и правилата на игра /22.03.2020

Што е важно за успех во франшизниот бизнис, кои гранки се популарни, а кои ветувачки, каков е пазарот во Чешка? Одговорите ги дава Ленка Новакова, која е франшизен консултант во PROFIT system.

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза? /23.01.2020

„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.

најчитани

Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства /29.04.2020

Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Автоматизиран „Sид за пијалоци“, угостителски концепт од иднината /05.01.2020

Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.

Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава /22.10.2019

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?

популарно во форумот