Jump Planet / Jump Planet во Полска има четири паркови во своја сопственост и еден франшизен објект.
Среда
13.02.2019
Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?
 

До пред неколку години забавните паркови со трамбулини беа реткост на овие простори.  Состојбата денеска е поинаква. Ако цениме според бројот на компаниите во Европа кои последниве години  започнаа да проектираат, произведуваат и поставуваат паркови со трамбулини,  овој вид забава ќе добие во популарност. Полскиот концепт Jump Planet е еден од нив.

Трамбулини за кошарка, одбојка или „помеѓу два огна“, но и базен со коцки од пена, полигон со пречки, познат како полигон за нинџа воини ја сочинуваат стандардната понуда на Jump Planet. Повеќето од овие паркови имаат и простории за одмор и дружење каде можат да се организираат роденденски и други забави и да се отвори кафуле.

Покрај тоа што започнаа со освојување на домашниот пазар, Jump Planet од оваа година франшизата им ја нудат и на оние кои се подготвени да се зафатат со ваква работа во регионов и кои размислуваат за започнување со перспективен и атрактивен бизнис.

-Парковите со трамбулини за кусо време станаа омилена дестинација за рекреација и забава. Тие ги привлекуваат и децата и возрасните. Ова е пазар кој е во зародиш и очекувам  дека бизнисот уште долги години ќе биде многу профитабилен - вели Бартош Слеѓињски, сопственик на Jump Planet.

Во моментов, Jump Planet во Полска има четири паркови во своја сопственост и еден франшизен објект.

- Франшизата ја развивме и понудивме во март 2018 година и веќе имаме во подготовка девет франшизни паркови за седум градови во Полска. Влеговме и како партнери во проект со еден локален спортски центар.  Така нашиот парк е отворен во комплекс со сала и терени за тенис и сквош – ги објаснува Слеѓињски сите досегашни опции за соработка.

За оние кои решаваат да купат франшиза и да отворат парк со трамбулини единствен поголем предизвик ќе биде изнаоѓање соодветен простор, потврдува Слеѓињски. За Jump Planet потребна е сала со високи тавани и површина од 500 до 4000 метри квадратни. Во последно време, забележува,  дека за вакви паркови се повеќе се  интересираат трговски центри бидејќи се покажало дека  привлекуваат  голем број на луѓе и ја зголемуваат посетеноста за 15 до 20%. Без оглед на зголемената побарувачка, просторот за Jump Planet мора да ги исполни сите безбедносни стандарди  за кои давателот на франшиза ќе изврши проценка и ќе ги следи.

За опремување на паркот примателот на франшиза треба да издвои во просек околу 115 евра за квадратен метар. Во пресметките треба да се додаде и закупот, така што за опремување, на пример 750 м2 потребни се околу 90.000 до 100.000 евра. Давателот на франшиза, пак, без надомест обезбедува пулт за продажба, систем за продажба, систем  за служба за корисници, веб сајт со систем за резервации и онлајн плаќање, како и апликација за мобилни телефони за резервација. – Нашите партнери можат да сметаат  и на помош во нивното франшизно работење – и во текот и после отворањето на паркот. Ќе им асистираме и при вработувањето и во обуката на персоналот. Ќе им понудиме програми за работа  за сите целни групи, како  фитнес за жени, физички активности за деца и млади, градење тим за компаниите – објаснува сопственикот на Jump Planet.

Досегашните резултати од работењето покажуваат дека примателите на франшиза можат да очекуваат високи приходи. – Во Полска примателот на франшиза месечно има чиста заработка од најмалку 7000 евра – откако ќе ги исплати работниците, ќе ги плати  киријата и комуналиите. Немањето конкуренција е предност. Нашето искуство покажува дека сопственикот на паркот и буквално заработува од првиот ден - тврди Бартош Слеѓињски. Според договорот за франшиза, примателот заработката ја дели со давателот кој добива 6% од приходот како месечен надомест и 3% од приходот како надомест за маркетинг.

Колку лица ќе бидат вработени во Jump Planet најмногу зависи од големината на објектот но и од подрачјето (градот) каде паркот работи. Во просек на илјада метри квадратни потребни се 10 до 12 работници. Тука се вклучени менаџерот, двајца работници на пултот за прием и трет кој помага во деновите од викендот, инструктори и аниматори кои се задолжени за организирање на активностите. Од друга страна, пак, Jump Planet  не бара примателот на франшиза да биде лично вклучен во работата. Тој може да настапат само како инвеститор кој управувањето со паркот ќе му го довери на еден или на тим од менаџери.


Бартош Слеѓињски, сопственик на концептот Jump Planet / И недостигот на конкуренција е предност. Нашето искуство покажува дека сопственикот, буквално, заработува од првиот ден.

погледнете ги текстовите

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот