Брзото читење го освојува регионот

Примател на мастер франшизата „Училиште за брзо читање и мудро учење“ за територијата на Хрватска е Центарот за подучување ХЕЛЕНА
Примател на мастер франшизата „Училиште за брзо читање и мудро учење“ за територијата на Хрватска е Центарот за подучување ХЕЛЕНА / На сликата се Хрвоје Ткалчиќ, Часлав Манчиќ, Хелена Ткалчиќ и Мирослав Самарџиќ
Петок
01.03.2019
Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.
 

Хрвоје и Хелена Ткалчиќ решиле да се впуштат во претприемачките води, па затоа во Велике Горице во Хрватска отвориле „Центар за подучување ХЕЛЕНА“ кој ќе нуди специфични образовни програми наменети за деца. Еден од програмите кои ги одбрале е и „Училиште за брзо читање и мудро учење“ со кој потпишале договор за мастер франшиза.

- Барајќи  такви и слични програми за нашите деца во Велика Горица, не успеавме да пронајдеме ништо слично. Тоа ни даде идеа и не мотивираше да отвориме сопствена компанија, односно Центар за подучување во кој би вклучиле повеќе програми наменети за децата и со чија помош тие би го учеле тоа што класичните училишни програми не им го овозможуваат: зголемување на нивото на фокусираност, концентрација и самодоверба, совладување на техниките за брзо читање, ефикасно учење и успешна презентација на наученото. Тоа се важни вештини со кои така едуцираните деца во голема мерка би се разликувале од своите врсници - објаснува Хрвоје Ткалчиќ.

Иако не им недостасува идеа, за почеток одлучиле да земат две франшизи. Едната од нив е „Училиште за брзо читање и мудро учење“.  – Ќе развиваме и сопствени програми. Имаме многу идеи. Но, ни се чинеше дека франшизингот е добар избор за некој  кој започнува со претприемништво. Напоредно со тоа, ја следевме работата на сопствениците на концептот  „Училиште за брзо читање и мудро учење“ Мирослав Самарџиќ и Часлав Манчиќ. Видовме дека концептот е разработен до најситни детали заради што и сме уверени дека ќе постигне успех и на Хрватскиот пазар – вели Ткалчиќ.

Велика Горица, напоменува тој, е поволна средина за претприемништво. Тоа е шести по големина град во Хрватска, во близината  е на Загреб, има многу мали претприемачи, но и млади семејства,  што секако  одговара на концептите од областа на образованието.

Хрвоје и Хелена Ткалчиќ наскоро ќе започнат со бесплатни работилници преку кои децата и нивните родители ќе ги запознаат со програмата на „Училиште за брзо читање и мудро учење“. Со полн капацитет, училиштето ќе започне со работа од новата учебна година.

Мирослав Самарџиќ, кој е еден од идејните творци на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ вели дека е многу задоволен од ширењето на овој франшизен систем, а особено е горд за неговото ширење во земјите од регионот. Имено, покрај мастер договорот потпишан за територијата на Хрватска, на почетокот од февруари започна со работа и училиште во Источно Сараево (се работи за single-unit франшиза), а договор е потпишан и со одделен примател во Црна Гора. Тоа училиште со работа ќе започне во април.

- Секојдневно добиваме прашања за франшиза од Србија и регионот. Задоволни сме од интересот и постигнатото. Во БиХ и Црна Гора потпишавме одделни франшизи бидејќи сметавме дека тоа ни се подостапни пазари, а такви беа и барањата на примателите на франшиза. Што се однесува до пазарот во Хрватска, сепак се работи за пазар на Еврпската унија и мислам дека сами без примател на мастер франшиза не би можеле  да направиме значајни резултати - објаснува Мирослав Самарџиќ.

Примателот на франшиза добива целосно знаење поврзано со развојот на ова училиште како материјали, вработување на едукатори, маркетинг, опремување на училниците. Материјалите во „Училиште за брзо читање и мудро учење“ тематски се прилагодени на децата. За време на часовите на развивње на  техники на учење, тие носат и свои лекции. Целта е децата да научат како со што помалку напор да постигнат подобри резултати. Кога станува збор за брзо учење, за време на целата програма, сите текстови кои се читаат се приближно со иста тежина за да се следи напредувањето. На две недели се мери напредокот во брзо читање и нивото на разбирање.

Неопходни инфраструктурни услови се училници опремени со клупи и столици, компјутер, печатач, телевизор или проектор. Во помалите градови доволна е една училница, а во поголемите две. Добро е ако тие се наоѓаат во подрачје каде децата веќе доаѓаа и каде има слични активности.

Во Србија моментно работат 11 „Училишта за брзо читање и мудро учење“, во БиХ и Црна Гора, како што веќе споменавме, по една.

 


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца? /21.02.2020

Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот