DepilConcept доаѓа во Србија

 Наскоро во Белград
Наскоро во Белград / DepilConcept е бренд во сопственост на португалската компанија Grupo Concept под чија закрила моментно работат повеќе од 100 клиники
Понеделник
11.03.2019
Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.
 

Во средината на март во Белград ќе биде отворена првата клиника на португалскиот бренд DepilConcept. – За DepilConcept.дознавме уште пред три години - раскажува за нашиот портал Немања Никодијевиќ, директор на компанијата која е примател на мастер франшизата на овој бренд. – Но, во тоа време работевме во друга гранка, стекнувавме први работни искуства. Кога посакавме да напредуваме, повторно се вративме на DepilConcept – објаснува како дошле до овој фрншизен систем.

Одлуката за започнување на соработката со португалската компанија, како што вели, не било тешко да се донесе. – Се работи за бренд кој функционира и работи повеќе од 12 години во една комплексна гранка. Со своите резултати покажаа дека можеме да имаме доверба во нив, бидејќи брендот систематски ја врши својата работа, компанијата многу добро е организирана, особено во однос на стручната и навремена поддршка, што за нас како приматели на нивната франшиза беше една од најважните работи кога размислувавме да започнеме со соработката – објаснува Никодијевиќ. – Како што за нашите идни франшизни партнери од Србија една од најважните работи ќе биде ние како мастери да бидеме добро организирани – напоменува тој.

DepilConcept за нив бил вистински избор што се потврдило и кога лично се запознале со сопствениците и вработените и виделе како работи компанијата. – Откако се запознавме со протиколите и формата на работа, ни стана јасно дека ова е нашата вистинска приказна - истакнува нашиот соговорник.

Подготовките за отворањето на првата клиника привршуваат. За една недела, како што е најавено DepilConcept, сместен на аголот на улиците „27 Март“ и „Таковска“ во Белград, ќе ги прими првите клиенти.

Отворањето на оваа подружница за примателите на мастер франшизата е всушност прва задача. – Како и сите мастери, ние работиме две работи – потсетува Никодијевиќ – Покрај тоа што ја  отвораме и водиме својата клиника, имаме  задача и понатаму да го шириме овој бренд, односно да продаваме одделни франшизи – вели тој и додава дека со португалската компанија се договориле со продажбата на франшизата да започнат веднаш по отворањето на клиниката.

- Благодарејќи на нашата голема база на податоци, уште сега ги воспоставивме првите контакти и постои голема можност веднаш да започнеме со ширење на брендот. Сметаме дека Србија има одлични услови за оваа дејност. Кога размнислуваме за ширење на мрежата не ги земаме во предвид само  големите градови. Заради пристапната цена на франшизата, како и исклучително поволните цени  на самите третмани и добрата организираност на компанијата и работата, мислиме дека има потенцијал и помалите места да бидат многу добар пазар за развој на DepilConcept - вели нашиот соговорник.

DepilConcept е бренд во сопственост  на португалската компанија Grupo Concept под која моментно работат повеќе од 100 клиники. Специјализирани се во областите за долготрајно отстранување на влакната, фотоподмладување, третмани кои негуваат секој тип на кожа. Освен во Португалија, франшизната мрежа ја развиваат во уште неколку земји, меѓу кои се и Бразил и Полска. Низ клиниките на DepilConcept во последните 12 години минале повеќе од 200.000 клиенти.

Проверениот и потврден португалски бренд, продолжува со ширење на мрежата  на Балканот. По Србија,  нивната потрага по нов партнер, примател на мастер франшиза се префрла  во Република Северна Македонија.


погледнете ги текстовите

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

популарно во форумот