Гжегош Моравски, франшизен менаџер во училиштето за програмирање Coders Lab / „Coders Lab е професионално IT училиште број 1 во Полска. Со најшироко портфолио на производи и курсеви на пазарот во Полска, помогнавме и променивме повеќе од 2400 кариери преку иновативен образовен програм во, денеска најбараната област – информатичката технологија.“
Недела
14.04.2019
Зошто и компаниите од регионов би требале да размислат за полската франшиза за училиштето за програмирање Coders Lab открива Гжегош Моравски, задолжен за франшизниот развој на овој концепт.
 

Како и со која мисија отпочна со работа училиштето за програмирање Coders Lab?

После темелните подготовки, првото училиште за програмирање Coders Lab отворено е во 2013 година во Полска, а неговите  основачи всушност откриле недостиг на понудата во однос на побарувачката. Имено, традиционалниот образовен систем не ги следеше иновациите кои го преобликуваа IT секторот во последните десет години, а заради својата нефлексибилност се потврди и дека  не можел да држи чекор со забрзаните промено. И денеска ви е потребно од три до пет години студирање за да стекнете диплома за информатичар или програмер, која повторно не ги опфаќа најновите знаења од оваа област. Да не споменуваме дека  тоа ги исклучува постарите посетители кои за ваквиот тип на образование едноставно немаат време бидејќи се работи за луѓе кои се вработени и имаат семејство.

Како одговор на ваквата состојба се родила идејата за т.н. буткамп, интензивен двомесечен курс преку кој учесниците, покрај со програмирање, се среќаваат и со некои практични знаења за специфичниот програмски јазик. Ние од една страна образуваме „јуниори“, бидејќи ваквиот курс е само почетна точка за влез во IT и програмирање. Но, со сите услуги кои ги нудиме за кариерно советување и поддршка во барање на работа, ние од друга страна даваме можност на сите во рок од два мессеци целосно да го променат својот живот и да започнат кариера во еден од најбараните сектори.

Побарувачката за IT  стручњаци беше толку голема што Coders Lab за три години го покри полскиот пазар од 40 милиони жители. Започнавте да се проширувате и на меѓународен план. Зошто ги одбравте земјите од овој регион?

Всушност, ние сакаме да отвориме наши училишта за програмирање во сите земји во кои има дисбаланс меѓу понудата и побарувачката во IT секторот. Тоа е една од основните причини. Втората е што повеќето земји на европскиот пазар  се уште не се заситени со училишта од овој тип.

По кој критериум ги одбравте курсевите кои ќе бидат понудени?

Изворно буткамповите потекнуваат од САД, па неколку години можевме да набљудуваме и следиме како ваквите концепти се развиваат и работат во вистински пазарни услови. Можам да речам дека многу научивме, ги зедовме в предвид само најдобрите примери од практиката. На пример, кога  бил отворен Coders Lab,  PHP  бил многу популарен програмски јазик, денес тоа е Java. Со самото тоа и наставната програма на нашите училишта се менува – постојано се приспособуваме на новите потреби, додаваме курсеви кои моментно се барани на пазарот, како што сега тоа е, да речеме, UX – user experience.

Кога зборуваме за земање на франшиза, овој аспект е всушност тоа што на нашите идни партнери ќе им  ја олесни секојдневната работа. Постојаниот развој на  производите и воведувањето новини е можеби и најголемата вредност за партнерот имајќи в предвид дека оваа задача во целост е наша грижа.

Дали примателите на Coders Lab франшизата во своите училишта ќе можат да ги понудат сите курсеви кои сте ги развиле?

Секако. Меѓутоа ние препорачуваме партнерот од почетокот да понуди еден курс, по можост тоа да биде најпопуларниот програмски јазик и за тоа им две причини. Прво, сите материјали и образовни алатки поврзани со наставната програма се достапни на англиски јазик. Така преведувањето ќе биде многу полесно ако се распредели на подолг период. Од друга страна, ако веднаш понудите повеќе курсеви е многу потешко да се обезбеди минимален број на ученици потребни за профитабилно работење.

Меѓутоа, има и примери  кога курсевите се организирани на англиски јазик, така што ако примателот на франшизата верува дека таа опција е задоволителна, тогаш може да смета на значително намалување на трошоците токму заради тоа што нема да мора да ги преведува наставните материјали.

Според информациите кои се достапни, Coders Lab бара еден, ексклузивен примател на франшиза за подрачјето на целата држава, но тоа нема да биде класична мастер франшиза. За каква соработка се работи?

Кога ја дефиниравме стратегијата за равој, сфативме дека многу полесно и поефикасно ќе одржуваме контакт и ќе соработуваме со едно лице или со компанија, отколку со повеќе одделни приматели на франшиза. Заради тоа одлучивме да пронајдеме еден ексклузивен партнер кој на локалниот пазар ќе ја развие мрежата според моделот кој ние го применивме во Полска, каде целиот пазар го покриваме со канцеларии во наша сопственост. Така, покрај тоа што ќе отвори училишта, партнерот ќе биде задолжен  и за вработување на стручен наставен кадар и други вработени, но и за маркетинг и давање на услуги за кариерно советување.

Според тоа, кој би бил идеален примател на франшиза?

Идниот партнер во секој случај би требало да биде вешт најмалку во три клучни области на експертиза – образование, маркетинг, односно продажба и управување на односите со клиентите. За сега имаме идентификувано два идеални деловни профили – прво, тоа се компании или институции кои веќе се занимаваат со образование, како што се приватните училишта или училиштата за странски јазици, а други се софтверските компании.  За второто, важно е што веќе имаат стручен IT кадар кој лесно може да се обучи за предавачи или ментори. Ова е навистина голема предност, бидејќи не е лесно да се изнајдат добри инструктори.

Колкави се вложувањата при купување на франшизата и отворање на училиште?

Coders Lab спаѓа во релативно прифатливи франшизи  бидејќи за отпочнување со работа не се потребни големи инвестиции. Најмногу треба да се издвои за надомест за влез, односно за купување на лиценцата, но  во  почетни трошоци треба да се додадат и тие за патување и сместување на партнерите и лицата ангажирани за обуката, како и преводот на наставните и маркетинг материјалите. Во уредувањето и опремувањето на училиштата не треба многу да се вложува, бидејќи учениците обично користат свои комјутери, а мебелот и другата опрема се сочинети од маси, столици, телевизор или проектор. Иако Coders Lab на партнерот му доставува и свој brand book, ние во суштина не инсистираме на унифициран дизајн.

Инаку, влезниот надомест за франшизата за Coders Lab изнесува 20.000 евра, со што се покриваат ексклузивните права на вкупниот know-how и поддршка во сите области на работењето. Покрај овој надомест, партнерот плаќа и за изработка на веб страницата, а трошоците за превод може да бидат поделени на подолг рок, како што веќе споменавме.

Ја споменавте помошта на давателот на франшизата. Каква поддршка од Вас добива примателот?

На поддршката од системот партнерот може да смета од првиот момент на соработка. Започнуваме со обуки кои се орга изираат во седиштето на копанијата во Полска, продолжуваме со поддршка низ целиот процес на развивање на бизнисот и мрежата на локалниот пазар.

Можат да го користат целиот корпоративен know-how,  најдобрите примери од маркетингот и продажните компании, најновите административни софтвери и процеси. Развивме и понудивме сопствен Learning Management System, кој ќе им овозможи лесно и ефективно да го управуваат и да  го следат распоредот на предавањата, на предавачите, профилите на корисниците, пополнетоста на просториите и курсевите, популарноста на наставникот, извештаите за профитабилност и слично.

Од друга страна, сметаме дека е предност и  тоа што ќе биде дел од системот кој работи на создавање на глобален бренд во областа која е „млада“ и перпективна.


Полската франшиза, можност за многумина / „Од првиот момент на соработка партнерот може да смета на поддршка на системот. Започнуваме со обука која се организира во седиштето на компанијата во Полска, продолжуваме со поддршка низ целиот процес на развивање на бизнисот и мрежата на локалниот пазар.“

погледнете ги текстовите

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

Првиот чекор /20.02.2019

Coders Lab, најголемата мрежа на IT (информатичка технологија) училишта во Полска, за прв пат влегува на пазарот во овој дел од Европа. Франшизниот договор е потпишан за Романија. Франшизата им е достапна и на земјите од овој регион.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

популарно во форумот