Идеа за работа во заштитата на телефонот

Mobile Outfitters / Mobile Outfitters ги обложува сите видови на телефони, без оглед на моделот.
Сабота
27.04.2019
Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.
 

Пазарот за мобилни телефони исклучително е динамичен, новите модели се побрзо ги заменуваат старите, а од гломазните и големи телефони се дојде до лесни, тенки модели со чувствителен екран, што  едновремено влијаело и на развојот на индустрија за поддршка.  Имено, како што новите модели на телефони стануваа се почувствителни на паѓање и оштетување, така растеше и потребата за нивна заштита. Денеска најголемиот број од сопствениците користат специјални маски и фолии за заштита.

Следејќи ги токму овие случувања на пазарот, во САД во 2007 година се појави компанијата Mobile Outfitters.  Како што кажува и самото име, создадена е како  одговор на потребите на своите создатели Ерик Грифин и Денис О’Донел  кои како и милиони  други корисници, се соочувале со проблемот на заштита на телефонот. Грифин и О’Донел најнапред започнале да развиваат on-line продажба за заштитни фолии, а на јавноста и се преставиле со исклучителен квалитет на производот. Имено, нивната фолија се произведувала во САД според армиски стандарди, што значи дека телефонот после обложувањето станува и десет пати појак. Со тоа давале и доживотна гаранција за фолијата.

Но набргу се појавиле два проблеми – мал број на сервиси сакале да ставаат фолии на телефоните, најмногу заради проблемите кои се создавале, како што е појава на меурчиња или лошо лепење, а и заради тоа што доколку нешто се случи, купувачите немале на кого да му се обратат. Заради тоа сопствениците на концептот во 2009 година одлучиле да ја отворат и својата прва подружница во рамките на трговски центар за да понудат комплетна услуга – продажба на фолии со доживотна гаранција и лепење на фолијата на секој модел на телефон, но и на лаптопи, паметни часовници, таблети. Денеска работат во 42  земји на околу 400 локации, ширејќи се главно преку франшизниот модел на соработка. Во Србија франшизата е присутна од 2017 година. Примател на мастер франшиза стана компанијата Mobile Outfitters doo,  во сопственост на Боги  Цветковиќ кој е овластен и за ширење на други пазари од поранешна Југославија (освен Хрватска), вклучувајќи ја и Македонија.

Добар почеток

Боги Цветковиќ, како што вели, овој американски концепт го забележал на саемот на франшиза во Виена, каде едно време и живеел. Бидејќи долго работел во слична гранка – увоз и продажба на мобилни телефони, работата му се допаднала, што го поттикнало да стане дел од ова франшизно семејство. – Всушност, запознав примател на франшиза кој работел во најголемиот Виенски трговски центар и забележав дека концептот е добар, а целото работење транспарентно. Покрај тоа се работи за премиум  производ за кој побарувачката може само да се зголемува. После неколку месеци другарување со примателот на франшизата од Виена и самиот посакав да го развивам овој бизнис. По консултациите со давателот на франшизата, во мај 2017 година станав примател на мастер франшиза за подрачјето на Србија - вели тој.

Првата Mobile Outfitters подружница ја отворил во трговскиот центар Рајиќева во Белград, а потоа и во трговскиот центар Стадион. Третата најнова локација се наоѓа во трговскиот центар Ушќе. Покрај тоа, работат и две shop-in-shop (продавница во продавница) локации кои се во сопственост на одделни приматели на франшиза и тоа во Панчево и Крушевац.

Иако работи релативно кусо време, Цветковиќ е задоволен од досегашното работење.- Mobile Outfitters,  да повториме продава и вградува американски фолии кои се изработени по армиски стандарди. Даваме доживотна гаранција на самата фолија  и гарантираме дека самата не може да се одлепи, но ние можеме да ја одлепиме без да останат траги на телефонот. Моментно во оваа област нема подобар производ на пазарот. Обложувањето на самиот телефон е целосно, од раб до раб, се прецизно се сече на машина и се лепи на самото место. Телефонот, по обложувањето станува за десет пати поцврст - нагласува Цветковиќ.

Освен тоа, предност во однос на конкурентите кои продаваат обични футроли и заштитни стакла за екранот на мобилните телефони, е во тоа што Mobile Outfitters ги обложува сите видови на телефони, без оглед на моделот. – Машината која ја сече фолијата има софтвер со вградени 2000 модели на телефони. Давателот на франшиза, покрај тоа, неделно внесува нови модели. Продавачите на класична дополнителна опрема за мобилни телефони тешко можат да го следат тоа темпо бидејќи тоа би барало создавње големи резерви кои често можат да бидат отпишани, што е неисплатливо.  Според нашиот модел на работење, резерви практично не постојат - вели Цветковиќ.

Во фокусот  – проширување на франшизната мрежа

Откако се потврди дека подружниците (комерцијални „острови“) во трговските центри можат да работат успешно, Цветковиќ решил поинтензивно да продолжида ја шири франшизната мрежа. Франшизата е достапна и во Македонија.

На новите приматели им се нудат два франшизни формати – „остров“ во рамките ма трговски центар и франшизен корнер (ќоше), односно shop-in-shop  формат. – Кога се работи за shop-in-shop концептот најприродни партнери би ни биле продавачи на мобилни телефони. Од една страна тие можат да ја прошират својата дејност и со оваа услуга и така дополнително да заработат, а од друга примател на франшизата може да биде и некое друго лице кое би направило договор со сопственикот на продавницата за мобилни телефони,  франшизниот корнер на Mobile Outfitters  да работи во таа продавница, а заработката да ја делат по однапред постигнат договор - ги објаснува Цветковиќ сите опции.

Примателот на франшизата со почетниот пакет би добил машина со софтвер и доживотна поддршка како нови модели на телефони и обука за вградување на фолии. Партнерот добива и почетни резерви на фолии (проѕирни, матирани, имитација на дрво), како и сите други потреби за работа (подлоги, крпчиња, гумички). Почетниот пакет вклучува и видео надзор, како и специјална  книговодствена програма која овозможува следење на потрошувачката на фолии и заработката. – Бидејќи машините за сечење на фолијата имаат софтвер кој ја помни секоја исечена фолија, примателот на франшиза во секој момент  може да му пристапи на порталот и да види точно што и колку „сечел“ – објаснува Цветковиќ.

Партнерите кои ќе се одлучат за комерцијален „остров“ треба да издвојат 19.900 евра ( плус ДДВ) и да вложат депозит од 500 евра (плус ДДВ). – Бидејќи софтверот, како што реков ја бележи секоја исечена фолија, давателот на франшиза од САД го должи примателот на мстер франшизата за таа количина на исечени фолии, односно за дадените услуги. Заради тоа и воведовме минимален депозит, како своевидна заштита – објаснува Цветковиќ.

Напоменува дека во почетната инвестиција не е вклучен трошокот за мебел.  Меѓутоа, во понатамошното работење примателот на франшизата не плаќа никаков друг франшизен надомест. 

Во однос на франшизниот корнер, разликате е во тоа што примателот на франшиза не би имал територијален ексклузивитет, а треба да одвои и помалку пари – 9900 евра (плус ДДВ).

Кога станува збор за идеален примател на франшиза, најдобро би било, вели Цветковиќ, тоа да биде некој кој се разбира во работата и сака да и се посвети. – Примателот не мора самиот да ја работи работата. Во Панчево, на пример, примателот на франшиза ни е адвокат на кого тоа му е дополнителна работа, Но важно е  тој да биде во контакт со продавачите, да ги мотивира... Едноставно да биде вклучен во работењето, вели Цветовиќ.

Mobile Outfitters негува и амбициозни планови на глобално ниво – до 2022. година планираат да отворат 1000 единици во 50 земји, пишува на нивната официјална веб-страна.


Mobile Outfitters / Mobile Outfitters негува и амбициозни планови на глобално ниво – до 2022. година планираат да отворат 1000 единици во 50 земји, пишува на нивната официјална веб-страна.
Весна Лапчиќ
Уредник

најчитани

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

популарно во форумот