Владимир Новицки, сопственик и едеен творец на системот „Малац генијалац“
Владимир Новицки, сопственик и едеен творец на системот „Малац генијалац“ / „Добриот бизнис модел и квалитетен франшизен пакет, со користење на можностите кои ги дава дигитализацијата, се клуч за ширење на мрежата и нејзина успешна контрола.“
Вторник
30.04.2019
Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“
 

​Првото училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ (Мал генијалец) започна со работа пред неполни четири години. Со помош на франшизниот модел на работење, во меѓувреме отворени се училишта дури на десет пазари – факт кој овој концепт го вбројува како еден од најуспешните домашни франшизни системи. – Кога зборуваме за успех, мислам дека за тоа е најзаслужна посветеноста на работата и постојаната желба за учење - вели Владимир Новицки, идеен творец на системот „Малац генијалац“.

Инаку, покрај менталната аритметика, во рамките на училишните програми се нуди и „Малац рачунарац“ (Мал информатичар) – училиште за програмирање наменето за деца и кое примателите на франшиза исто така можат да го вбројат во својата понуда доколку сакаат.

Во разговорот со Владимир Новицки откривме и што е клучно за ширење на мрежата надвор од границите на Србија, како ја контролираат, сега веќе големата франшизна мрежа, која е најслабата алка во франшизниот систем и на кој начин се заштитуваат од плагијат.

Многумина се воздржуваат од својот успешен бизнис да направат франшиза, стравувајќи од тоа дека нема да можат да ја контролираат мрежата, квалитетот на производите или услугите. Како Вие сте го решиле тој проблем?

Пред само две години и ние не бевме подготвени за поинтензивно ширење во странство бидејќи за тоа морате да имате не само успешен модел за работа, туку и потребно искуство остварено низ добро спакуван франшизен пакет, но и јасни и детално пропишани процедури. Секако, потребно  е да се следат технолошките новитети и да се одговори на предизвиците кои ги носи современото живеење. Водејќи се од тој принцип, ја согледавме неминивноста од развојот на интерактивните платформи кои претставуваат неодминлива алатка наменета  за менаџментот и водењето на работата, но и за наставниците како поддршка во наставата. Исто така, платформата е наменета и за самите посетители на програмата со што тие можат да ги решаваат задачите, да ја вежбаат наставната содржина или да се натпреваруваат со другите посетители низ светот. Со нејзина помош можно е да се контролира целиот систем, од административни податоци како што е наплатата или бројот на запишани деца во наставниот процес и работата на наставниците. Платформата е повеќејазична и многу лесно се прилагодува на секој нов пазар. Тоа и ни ја овозможи потребната динамичност и можност поедноставно и побрзо да се шириме во странство.  Иако развојот на една ваква апликација подразбира значајни вложувања, ние сме многу задоволни од резултатите и имаме за цел и натаму да внесуваме  новитети и да ги  прошируваме  нејзините функции. Една од идеите ни е да овозможиме директна комуникација помеѓу родителите како наши клиенти каде и да се наоѓаат и главниот центар, со што би се овозможило директно обраќање, поставување прашања и сугестии.

Значи, да заклучиме – добриот бизнис модел и квалитетен франшизен пакет со користење на можностите кои ги дава дигитализацијата се клучот за ширење на мрежата и нејзината успешна контрола.

Имате четиригодишно искуство во ширење на мрежата. Која е најслабата алка во фукционирањето на франшизниот систем?

Изборот на квалитетни соработници и бизнис партнери претставува клуч за успех на секоја работа. Тоа не е лесно, особено ако имаме на ум дека луѓето се најважниот ресурс во кој постојано треба да се вложува за да се создаде усогласен и успешен тим. Сериозните анализи кои се занимаваат со претприемништво покажуваат дека само пет до десет проценти од луѓето се способни да се занимаваат со приватен бизнис, додека голем дел од популацијата претпочита да  биде вработена кај друг или на едно работно место да дочека пензија. Кога сега би правел анализа за изборот кој го правевме би можел да кажам дека тоа е многу добар избор кај повеќе од 90 отсто од случаите, што би требало да преставува одличен резултат земајќи ја во предвид споменатата статистика.

Во нашиот случај изборот на квалитетни партнери е позначаен бидејќи се занимаваме со образование и работа со деца, што дополнително не обврзува. Доколку децата не сте ги научиле добро, сте направиле голем пропуст кој тешко може да се поправи. Затоа секогаш потсетуваме дека оваа работа мора да се сака и да и се верува бидејќи ние всушност се бавиме со највозвишената задача – образоваие на намладата популација.

Исто така, кога се работи за франшиза од овој тип, мојата препорака е – модел на самовработување. Со него се намалуваат трошоците и ефикасно се води и контролира сопствениот бизнис. Секако се случува одделен партнер да сака да купи франшиза во место надвор од неговото живеење, што е можно, но треба да се има  предвид  дека тоа едновремено  повлекува ангажирање дополнителен кадар, а со тоа и зголемени трошоци за работа.

На крајот, можам да заклучам дека проблемот со наплатата е нешто што преставува реален предизвик кој  е карактеристичен не само за домашниот  пазар, туку е присутен и во други земји.

Колку разговори просечно имате со лицето со кое склучувате договор?

Настојуваме да имаме детална комуникација со сите кои се заинтересирани за франшизата. Официјалната комуникација започнува со e-mail допишување  во кое е неопходно заинтересираното лице  детално да ни се престави и да го  презентира својот бизнис план. Потоа им даваме официјална понуда и информации за франшизата, по што доаѓа состанокот во седиштето на училиштето во Белград. Дури врз основа на непосредниот увид можно е да се донесе конечна одлука за отпочнување на соработката.  Сите овие фази имаат за цел да се направи добар избор и да се процени сериозноста на самиот кандидат.

Како и каде се реализира обуката?

Најчесто обуката се реализира во Белград, но по потреба и во странство. Во зависност од обемноста на материјалот и големината на групата, обуката може да трае и неколку седмици. Изборот на наставници преставува чувствителна работа со оглед на тоа дека само стручен наставник со сертификат може да работи со деца. Изборот на наставник е нешто за што обрнуваме особено внимание. Исто така еднаш годишно спроведуваме тестирање  за да го провериме знаењето на наставникот. Наставниците за нас преставуваат посебна вредност бидејќи работата со деца е динамична и бара постојано усовршување и несебично давање.

Како се штитите од плагијат, бидејќи и тоа често се случува на пазарот?

Секако дека се случува. Тоа што можеме да сториме е да ги заштитиме своите интелектуални права и да обезбедиме евентуална судска заштита. Тука пред се мислам на регистрација на печатот и авторските права која ја спроведуваме во секоја земја во која работиме. Но, има луѓе, дури и поранешни соработници кои се подготвеи со слични имиња на  училишта да ја залажат јавноста или се обидуваат да не копираат. Не се оптоваруваме многу со тоа, бидејќи тоа е краткотрајно. Родителите обично многу бргу ја согледуваат разликата и сфаќаат за што се работи, па често ни се јавуваат да не известат за тоа. Тоа најдобро зборува каков е статусот на нашиот бренд меѓу луѓето кои за нас се најважни. Мислам дека не треба многу да се возбудуваме за копирањето. Само за пример, дури и Microsoft до некаде ја толерира пиратеријата на своите производи на „прифатливо ниво“, бидејќи тоа пред се е показател на квалитетот и побарувањето на неговите производи.

Кога ќе се осврнете на се што сте постигнале, што мислите дека било клучно на патот  на создавањето една од најуспешните домашни франшизи?

Ви благодарам на ова признание, задоволство е кога струката ќе ве вброи во најуспешните домашни франшизи. Кога веќе говориме за успех, мислам дека за тоа дефинитивно најзаслужна е посветеноста кон работата и постојаната желба за учење. Само оној кој признава дека не знае доволно, подготвен е да учи, а со тоа и да има можност за успех. На почетокот од работата ние знаевме само  мал дел од тоа што денеска го знаеме, но тогаш ни се чинеше дека е многу. Меѓутоа брзо сфативме дека треба постојано да се приспособуваме. Секогаш верував дека пред се ние треба да го диктираме темпото и да поставуваме нови стандарди на пазарот, што јасно би не издвоило од секоја конкуренција.

Да сумирам, секогаш сме се труделе да бидеме подобри во секој поглед – да ги унапредуваме моделите за маркетиншки настап, методите за работа, да бидеме уште подобри во програмата која ја спроведуваме, но и во изборот на соработници, па дури и во изборот и опремувањето на просторот кој го користиме.  Ние не можеме да го смениме светот ако не се  смениме себеси. Мотото на „Малац генијалац“ е  „За децата кои го менуваат светот“. Учејќи ги децата да бидат подобри, се менуваме и самите себе. Затоа само процесот на непрекинато учење  е пат кон вистинскиот успех. Тој пат не е лесен, но само тој носи многу задоволства и дава смисла на се. Што и да работи човекот, не треба да се плаши, туку да биде подготвен да ги усвојува новите знаења.


погледнете ги текстовите

Вложување во иднината на децата /30.09.2019

Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.

Училиште за програмирање за млади, бизнис со одличен потенцијал! /17.09.2019

КЛИКЕР ИТ центар за деца наскоро ќе биде отворен на три нови локации со помош на франшизниот модел на работење. Основачот Миомир Попесков открива што ова училиште за програмирање го прави различно од останатите.

Дигиталните вештини во основата на бизнисот /31.07.2019

Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Се гледаме на саемот за франшизи во Варшава! /01.10.2019

Најголемиот саем за франшизи во Централна и Источна Европа се одржува од 17 до 19 октомври во Варшава, Полска. Тоа е одлична можност за средба и запознавање на „двете страни“ во франшизингот - давателите на франшиза и претприемачите кои би сакале да купат франшиза.

Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава /22.10.2019

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?

популарно во форумот