Заработи на евтино кафе

Cofix

- Се започна на едно од моите патувања низ Израел - се присетува Ави Кач, основачот на Cofix. - Застанавме на бензинска пумпа, за да купиме нешто за освежување. Во џебот имав 50 шекели (околу 700 денари). Нарачав кафе и сендвич, а мојот пријател нарача ладно кафе и пакетче гуми за џвакање. Меѓутоа, кога ја добивме сметката, морав да се вратам во автомобилот по повеќе пари... - раскажува Кац.

- Во тој момент се запрашав зошто кафето и сендвичот чинат толку многу! Некој кој е постојано на пат и има желба да испие повеќе од една шолја кафе на ден и дополнително да изеде мал оброк, би требало да потроши 2.500 шекели месечно (повеќе од 35.000 денари) - вели Кац.

Така, во 2013 година го дизајнираше и лансираше Cofix - синџирот на кафетерии во кои ќе се служи квалитетно кафе по многу поволни цени. На домашниот пазар беа речиси без конкуренција и не е чудно што Cofix продава повеќе од 150.000 шолји кафе дневно, преку 350 кафулиња во Израел, Русија, Белорусија и Полска.

Шоља кафе првично чинеше околу еден долар (околу 50 денари), што предизвика вистински метеж на пазарот, но и обезбеди на компанијата лојални клиенти. Сепак, поради зголемените трошоци, компанијата мораше да ги зголеми цените во 2017 година за да остане во игра. - За тие неколку години кириите и платите во Израел се зголемија за 15%. Висината на минималната плата се зголеми за двапати. Дополнително, се зголемија и цените на основните суровини, така што потегот беше повеќе од оправдан. Направивме револуција и во исто време не ги покачивме многу цените. Сè уште се под реалната цена на производот - објаснува Кац.

Во Cofix кафето е повеќе од двојно поевтино во споредба со цените на главните конкуренти. Покрај тоа, синџирот продава и други производи - цедени сокови, шејкови, колачи, пецива, сендвичи, салати, тестенини... - исто така по цени кои се пониски од пазарниот просек.

И франшизата по поволна цена

Водени од принципот „квалитет по прифатлива цена“, ланецот брзо се прошири во Израел и Русија. Компанијата сега е фокусирана на пазарите во Источна Европа и бара партнери кои ги делат истите вредности кога станува збор за кафетерии - од цената и квалитетот на производите, па се до изгледот и декорацијата на просторот.

Името, понудата и едноставната црно-бела естетика му помогнаа на Cofix да стане многу препознатлив бренд. Од компанијата посочуваат дека развиле бизнис модел отпорен на кризи, кој се базира на основниот принцип - квалитетна понуда по пристапни цени. За инвеститорите и примателите на франшизата, е достапен широк опсег на флексибилни формати, како и модел на фиксни цени што доаѓа со сеопфатната деловна поддршка од страна на Cofix Group. Познато е дека компанијата нуди попуст на новите партнери за франшизата.

Поддршка за примателите на франшизата

  • Константна стручна поддршка и „теренска“ помош
  • Надзорен систем
  • Современи ИТ решенија
  • Маркетинг на социјални медиуми
  • Изработка на програма за лојалност и апликации за мобилни телефони (Apple, Android)

Основни барања на системот

Критериуми за кандидатот:

  • Не е потребно искуство во угостителска дејност
  • Кандидатот треба да го почитува партнерскиот однос, дисциплина, како и разбирање на основните правила на работењето

Критериуми за отварање на кафетерија:

  • Истакната локација во централни градски зони
  • Предна страна на локалот да биде свртена кон улица или на агол
  • Површина на локалот од 30 до 250 м2
  • Минимална ширина на локалот 3,7 м 

Очекуван износ на инвестиција

За отварање на кафетерија под Cofix франшиза е потребно помеѓу 35.000 и 65.000 евра. Точниот износ зависи од големината на просторот и обемот на активности потребен за прилагодување на објектот за нудење на угостителски услуги, најчесто околу 45.000 евра.

  • Инвестиција – 35.000 евра
  • Влезен франшизен надоместок – 6.500 евра
  • Маркетинг – 2% од прометот
  • Месечен франшизен надоместок – 6% од прометот.
Наташа Богојевиќ
Автор
Наташа Богојевиќ
Уредник

Погледнете во каталогот

Други концепти од секторот Гастрономија