„Музејот на илузии“ / Првиот франшизен Музеј е отворен во Љубљана, а сега веќе има и во Виена, Берлин, Оман, Белград, Куала Лумпур, Дубаи, Њујорк, Торонто, Хамбург, Атина
Среда
22.05.2019
Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.
 

Луѓето стоеја во ред да ги видат „огледалото на вистината“, „глава во чинија “, големата збирка на холограми, повеќе оптички илузии, „собата со огледала“ и поголем број други интригантниекспонати. За кусо време стана најпосетуван музеј  во главниот град на Хрватска.

Но, идејата е многу пред таа 2015 кога „Музејот на илузии“ во Загреб ги дочека првите посетители. Роко Живковиќ и Томислав Памуковиќ кои се партнери во оваа работа, сакале да ја зголемат туристичката понуда на градот и долго размислувале кој би бил најдобриот производ.

– Последниве години Загреб  стана вистински туристички град, а ние размислувавме да понудиме нешто што би било интересно, креативно, но и едукативно, Многу ни се допадна емисијата Brain Games која беше емитувана на National Geographic каналот која имаше за цел еден вид на тестирање на можностите на мозокот. Од тука потекна дел од нашата идеја. Но и многу патувавме, собиравме идеи  од различни страни на светот и со текот на времето дојдовме до музејот на илузии – објаснува Роко Живковиќ. Тој долги години работел во маркетиншки агенции и, како што вели, сега тоа му помага во работата. Во проектот тој е задолжен  за маркетинг, web дизајн, промоција.

Неговиот деловен партнер Томислав Памуковиќ исто така работел во маркетинг, но се занимавал со печат, организирање на настани, па сега ги презел техничките работи, организација на правењето и одржувањето на експонатите.  – Успеавме во овој проект да го внесеме тоа што сакаме да го работиме – вели Роко Живковиќ за порталите Franchising.

Откако постигнаа добри резултати во Загреб, отворија музеј и во Задар, кој благодарејќи на големиот број посети од страна на туристите во текот на летото, опстојува и во останатиот дел од годината.

Успехот постигнат во Загреб и Задар бргу стана планетарен. За само три годии „Музеј на илузии“  преку франшизен модел на работење е отворен во 13 градови (12 држави). Првиот франшизен Музеј е отворен во Љубљана, а сега веќе има и во Виена, Берлин, Оман, Белград, Куала Лумпур,  Дубаи, Њујорк, Торонто, Хамбург, Атина.

Иако ова изгледа како волшебна приказна за успехот на една претприемничка идеа, не беше се така едноставно. Во Хрватска, како што вели Живковиќ, законот дури и не ја содржи категоријата приватни музеи, ниту пак тие се третирани како институции од културата. И додека на влезниците во државните музеи не се пресметува данок на додадена вредност, на нивните влезници  ДДВ е 25%.  Кога ќе се додадат и останатите трошоци, потребен е голем напор и постојано одржување на бројот на посетителите на високо ниво за да се обезбеди една успешна приказна која сепак е профитабилна, тврди Роко Живковиќ.

– Ако немаме финансиски резултати, не би можеле вака да ја шириме дејноста. Сепак не е лесно. Во Европа постиоењето на  приватни музеи не е непознато. Има јасна регулатива и условите се многу подобри бидејќи државата не го оптоварува толку овој бизнис.  Олеснувањата во бизнисот секако му  овозможуваат да се развива, да вработи повеќе луѓе – вели тој и додава – постои голема разлика помеѓу државните и приватните музеи. Покрај споменатото оданочување на влезниците, тука се и некои други поволности кои ги имаат државните музеи. Ние се финансираме од сопствени средства и секоја година се пријавуваме на конкурсите на Туристичката организаација на Загреб од каде имаме добивано  помали износи.  За да бидеме профитабилни  организираме и родендени, различни настани вели тој Живковиќ.

Покрај  тоа што ја  дополни туристичката понуда на Загреб, а потоа и на Задар што е важно за туристите подолго да се задржат на едно место, „Музејот на илузии“  го поттикна и домашното стопанство бидејќи 90 проценти од експонатите се произведуваат во Хрватска. На почетокот ги увезувале од различни земји, како САД, Русија, Кина.

Создавањето на експонатите кои просечно ги има околу 70 во секој музеј е непрекинат процес бидејќи идеата на овие двајца млади претприемачи  е тие, делумно или целосно, да се менуваат  на секои две години. Така и оние  кои еднаш биле во музејот би дошле повторно. Тоа условува секој месец да смислат еден  или два нови експонати.

Дел од приходот од „Музејот на илузии“ се остварува преку продажба на дидактички играчки (околу 250 различни играчки) кои се увезуваат од Тајланд и се дел од понудата на секој музеј.

Музеи на илузии се прават и во други земји. Моментно се гради музеј во Тбилиси во Грузија,  а се планира отворање и во Далас, Париз, Амстердам, Брисел, Саудиска Арабија. Проширувањето продолжува пред се со постојните партнери. – Приматели на нашата франшиза  главно се наши посетители на кои им се допаднал концептот и кои посакале ваков музеј да отворат во своите градови.  Прашања добиваме секојдневно. Моментно имаме доволен број на партнери кои се заинтересирани да отворат  музеи на нови локации. Забележуваме дека е многу полесно да се работи со партнери со кои веќе имате добра соработка. Само за пример, имаме примател на франшиза за Блискиот Исток и тој ги отвара музеите  во тоа подрачје кое за нас би било тешко достапно. Слично ќе биде и на останатите пазари – еден партнер ќе покрива повеќе локации со што ни се олеснува организацијата на целото работење и контрола на франшизната мрежа – објаснува Живковиќ.


Проширувањето продолжува пред се со постојните партнери / Моментно се гради музеј во Тбилиси во Грузија, а се планира отворање и во Далас, Париз, Амстердам, Брисел, Саудиска Арабија
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Преку франшиза во светот на гејмингот /08.04.2021

Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.

Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис /03.09.2020

LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.

Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно /17.02.2020

Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Мобилна апликација која ќе ви донесе профит /21.11.2019

ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

популарно во форумот