Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа!
Еден динамичен ден додека штетал низ Киев, Кирило Пузенко и размислувал како би било добро да може да изеде супа, а при тоа да не мора да седне во ресторан. Од таа желба, во моментот му се родила идеjа за концептот „супа за носење“. За разлика од вообичаената практика, тој не сакал супата да биде спакувана во пластична амбалажа или сличнo нееколошко пакување. Се сетил дека би било добро супата да се послужува во некоја попрактична амбалажа која истоивремено би можела и да се јаде. Со својот пријател Олег Герасимов осмислиле крцкав леб во форма на чаша кој би можел да се јаде заедно со супата. Една порција- така сервирана супа, во чаша која се јаде, тежи околу 400 грама и претставува вистински здрав оброк. Бидејќи супите се прават исклучиво од зеленчук, без месо и јајца, тие се одличен избор за потрошувачите кои уживаат во вегетаријански и вегански јадења, а тоа е обично таргет група на потрошувачи на кои им е важно да користат еколошки производи кои не произведуваат отпад и не ја загадуваат околината со пластика. А во денешно време, на голема среќа, се повеќе расте оваа група на луѓе, кои се еколошки свесни и на кои им се важни целите за одржливиот развој и заштитата на планетата.
Концептот заживеал 2014 година во Киев. Со игра на зборови, името на франшизниот систем Soup Culture асоцира и на некој вид посебна супкултура. – Не беше лесно да се дојде до конечниот производ бидејќи беше потребно време да се направат машини за производство на чаши кои се јадат. Неколку наши пријатели ја осмислија машината, но тешко ни беше да најдеме произведувач кој би ни направил само еден прототип, бидејќи за повеќе немавме пари. Денеска нашите машини се произведуваат во Полска и тоа за целата франшизна мрежа – објаснува Герасимов.
Имено, првата меѓународна франшиза ја продале во 2016 година, токму за пазарот во Полска. Тогаш е потпишан и договор за мастер франшиза. Полските приматели на мастер франшиза станале и партнери за производстви на машините.
Иако основниот производ во Soup Culture се супите, Герасимов вели дека примателите на франшиза имаат дозвола да додаваат и некои други производи како би ги зголемиле приходите. – Има различни локации. Некои се многу мали и немаат можност да прават нешто друго освен супи, но има и такви кои имаат места за седење кои во својата понуда имаат и други производи со што би се обезбедил поголем промет – објаснува Герасимов.
Локалот може да има најмалку 20 квадратни метри, со простор за подготовка на супа, веднаш позади пултот.
– Правењето супа и не е толку сложено, затоа и не е потребна голема кујна - објаснува Герасимов.
Сепак во нивната мрежа има и големи локали со потполно издвоена кујна.
Soup Culture денеска работи во седум земји преку франшизен модел на работење: Украина, Белорусија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Грузија и Русија и маат повеќе од 20 франшизни единици. Неколку франшизни единици се во постапка за отворање, како во Шведска, Норвешка, Ирска.
– Интересно е што 80 проценти од нашите приматели на франшиза пред да ја земат нашата франшиза немале никаков бизнис. Сето тоа го надминуваме со обука – објаснува Герасимов и додава дека примателите имаат на располагање околу 40 единствени рецепти за супа.
За отпочнувањето со овој бизнис во Европа, потребно е околу 25.000 евра. Тој износ ги покрива сите трошоци на уредување и опремување на просторот, како и трошпкот за франшизната лиценца. Праксата покажува дека најдобро е Soup Culture да се отвори на фреквентна и туристички атрактивна локација, но добри се и локациите во близина на факултети, студентски домови, деловни објекти, паркови, скијачки центри...
Давателите на франшиза предност даваат на отворањето на самостојни франшизни единици пред франшизните ќошиња во рамките на постојните угостителски објекти. Меѓутоа, кога ќе се добијат специфични можности, како што е соработката со потенцијални големи партнери кои веќе имаат развиена угостителска мрежа, подготвени се и за такви преговори.
За странските пазари, претпочитаат потпишување на договори за мастер франшиза, но не задолжително.
Се зависи од земјата, за која разговараме. Секако полесно ни е да најдеме мастер партнер кој потоа би управувал со локалниот пазар и би ја ширел мрежата, со оглед на тоа што ние сме мал тим – вели Олег Герасимов и додава дека се заинтересирани за ширење во сите земји бидејќи мисли дека нема пазар кој не би го прифатил нивниот производ.
погледнете ги текстовите
Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.
Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
најчитани
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?