Училиште за програмирање за млади, бизнис со одличен потенцијал!

КЛИКЕР ИТ центар за деца / Училиштата за програмирање наменети за деца, како и информатичката технологија, се гранка која расте заради што преставуваат добра деловна можност.
Вторник
17.09.2019
КЛИКЕР ИТ центар за деца наскоро ќе биде отворен на три нови локации со помош на франшизниот модел на работење. Основачот Миомир Попесков открива што ова училиште за програмирање го прави различно од останатите.
 

КЛИКЕР ИТ центарот за деца во кој на интерактивен и иновативен начин се изучуваат основите на компјутерското програмирање, роботика и дигитална креативност, постои од мај 2015 година. Курсевите се наменети за деца на возраст од пет до 18 години. 

-       Идејата за основање на КЛИКЕР  е од времето кога и самиот започнав со изучување на програмскиот јазик Java со помош на достапните материјали на интернет. Бидејќи започнав од наједноставното, наидов на платформи кои беа наменети  за деца. Тоа ме заинтересира. Сето тоа се совпаѓа и со една среќна околност. Имено, во тој период беше објавен конкурс за бизнис идеја која има социјално влијание. Брат ми, кој работи во странство, исто така забележал дека едукацијата на децата во делот на новите технологии се уште е во зародиш, па заедно се пријавивме на конкурсот и влеговме во десетте најдобри идеи. Тоа беше јасен сигнал дека нашата замисла за училиште за програмирање за деца има иднина -  раскажува основачот на КЛИКЕР, Миомир Попесков.

Програмите за курсевите, како што вели, се конципирани да ја стимулираат креативноста, фантазијата, интересот за решавање на проблемите. Децата ги изучуваат основните принципи на програмирањето преку создавање визуелни, интерактивни и мултимедијални апликации: различни игри, анимации, мобилни апликации, па дури и страници (сајтови).

-       Побарувачката за програмите кои ги даваме се зголемува бидејќи се повеќе родители увидуваат дека струките од информатичко-комуникациските технологии се најперспективни и во светот и кај нас. Не велиме дека сите наши посетители ќе се занимаваат со програмирање. Тоа  им го кажуваме и на родителите. Идејата е децата како креатори на дигитални содржини во допир со електрониката и роботиката да ги стекнат првите позитивни искуства за да можат да се определат за таквите насоки во подоцнежното образование, но и да ја развиваат логиката, креативноста, алгоритмичкото размислување, тимската работа што ќе им биде од полза без оглед на тоа со што ќе се занимаваат во животот. Би споменал и дека многу деца ги поминуваат сите наши курсеви и секогаш прашуваат кога ќе понудиме нови, бидејќи вистински се интересираат за материјата и од таа возраст покажуваат интерес да се занимаваат со IT технологии – раскажува Попесков.

- Уште една придобивка од нашиот концепт е работата во мали групи, до осум посетители. Со тоа предавачите имаат доволно време да му се посветат на секое дете, да го следат неговото напредување и да ги известуваат за тоа родителите. Нашето четиригодишно искуство и бројот на досегашните посетители, како и соработката со различни компании и организации преставуваат квалитет заради кој родителите и децата со задоволство не препорачуваат на други – вели Миомир Попесков.

За зголемувањето на интересот укажува и тоа што за неколку години КЛИКЕР започна со работа во неколку градови во Србија, но и во Бањалука (БиХ) и Никшиќ (Црна Гора). Покрај трите сопствени центри  во Белград, КЛИКЕР мрежата ја шири и преку франшиза.  – За франшизингот започнавме серизоно да размислуваме по средбата со заинтересираните од Бањалука кои предложија да отворат училиште за програмирање со тоа што ќе купат франшиза. Всушност, тие ни се и првите франшизни партнери со кои соработуваме и денеска. Потоа заинтересираните за франшиза самите ни се јавуваа иако не работевме на нејзина промоција. Сфативме дека потребата од училишта за програмирање има и надвор од Белград, што ни беше и поттик сериозно да поработиме на развивањето на франшизниот систем и на најдобар начин нашите програми да ги направиме достапни за поголем број на деца, а со тоа и да го развиваме овој бизнис – објаснува Попесков.

Во Србија во моментов работат две франшизни училишта и четири франшизни ќошиња (корнери), а од септември, како што вели Миомир, ќе бидат отворени уште три франшизни центри и тоа во Пожаревац, Панчево и Чачак.

-       Некои франшизи се поактивни од другите, но со сите постојни приматели добро соработуваме. Имено, идеален примател на франшиза е личноста која пред се е подготвена да се посвети на таа работа. Ова звучи како клише, но навистина е така бидејќи е потребно постојано унапредување на имиџот на училиштето, да се истражуваат нови канали за комуникација и да се откриваат потребите и впечатоците на децата и родителите. Се потврди како предност кога примателите на франшизата имаат искуство во сферата на едукацијата бидејќи ги знаат  принципите на маркетингот за таа гранка, имаат база на потенцијални посетители и на нивните родители, како и делумно подготвени  работни простории. Познавањето на IT  (информатичка технологија) или програмирање не е неоходно, но секако е предност бидејќи така полесно на заинтересираните родители ќе им објаснат што учат децата и која е ползата за нив, полесно ќе ги најдат предавачите бидејќи се движат во таа средина, а и самите можат да водат некои од курсевите – вели Миомир.

Без оглед на претходното искуство и знаење, примателите на КЛИКЕР франшизата треба да поминат обука. Специфично е тоа што тренерите кои ја држат обуката за новите предавачи се и автори на програмата. Со тоа нивните  искуства и знаење се важни за примателите на франшиза. – Би навел уште еден вид на поддршка. Тоа е можноста за лично присуство или пак видео вклучување на новите предавачи на некој од часовите кои ги одржуваат нашите колеги во Белград, како и можноста преку камера да го следиме часот на нова локација. Идеата ни е да ја искористиме технологијата заради  подобра размена на искуства и давање на еднаков квалитет на наставата на сите локации. Секое надградување на програмата откако ќе се тестира во Белград се споделува со останатите приматели на франшиза, како и новите програми на кои постојано работиме. Како даватели на франшиза, секако сме на располагање за сите организациони совети и еднаш кога ќе се воспостави системот, многу лесно натаму самиот се развива со залагање на примателот на франшизата и со наша поддршка – објаснува Миомир каква поддршка можат да очекуваат од КЛИКЕР ИТ центар сите приматели на франшизата.

Се забележува зголемување на конкурентноста на училиштата за програмирање. Попесков вели дека КЛИКЕР се издвојува од останатите по искуството кое го стекнале со едукација на деца и разновидна понуда на програми. – Споменатото искуство се пренесува на квалитетот на нашите програми кои постојано ги унапредуваме, но и во односот со децата и родителите. Со повеќе од 3000 ученици, речиси и да нема дете или ситуација  со која не сме се соочиле или пак не знаеме како најдобро да ја решиме. Тоа несебично го споделуваме со нашите партнери. Би ги споменал и екстерните настани кои ги организираме за да ја подигнеме свеста за важноста на ваквата едукација.  Главно тоа се собири на кои професионалци од ИТ и сродни индустрии на децата и родителите им го доближуваат своето работење. Имаме и периодични натпревари за програмирање “Future Kids Hackathon” кои треба да ги мотивираат децата да и надвор од КЛИКЕР или од редовниот образовен процес, го унапредуваат своето знаење за програмирање. Покрај дружењето, децата можат да освојат и награда за покажаното знаење.  Споменатите настани како споредна цел имаат и  јакнење на брендот и довербата кај родителите, како и вмрежување на КЛИКЕР со искусни професионалци од оваа област и нивните компании – објаснува Миомир Попесков.

Попесков вели дека во следниот период очекуваат поинтензивно ширење на франшизната мрежа во Србија и пошироко. – Интерес има и во земјите од регионот. Со тоа во почетокот на јануари следната година би требало да влеземе и на пазарот во Македонија. Меѓутоа, сакаме нашиот систем на воведување на нови франшизи да биде добро воспоставен и темелен – нагласува Попесков.


Во Србија и регионот / КЛИКЕР ИТ центар има подружници во неколку градови во Србија, но и во Бањалука (БиХ) и Никшиќ (Црна Гора). Покрај трите сопствени центри во Белград, КЛИКЕР мрежата се шири и преку франшиза.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот