Место на пазарот за познатата пицерија

Pizza Hut / Според пресметките, за да се отвори ресторан потребно е да се вложат 125 илјади долари, а рестораните можат да се отворат во два формати - Express i Delivery
Вторник
31.12.2019
Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?
 

Pizza Hut е еден од најпознатите гастрономски брендови, под кој денеска работат повеќе од 13.000 ресторани низ светот. Сопственик на брендот е американската компанија Yum! Brands Inc, а негов ексклузивен оператор во централна и источна Европа е полската компанија AmRest. Во август 2016 година AmRest стана примател на мастер франшизата преземајќи ја обврската и понатаму да продава одделни франшизи на Pizza Hut рестораните во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, но и во Србија, Хрватска и Словенија.

Деновиве има и официјални најави  дека AmRest бара одделни приматели на франшиза во Полска, Чешка и Унгарија. На овој начин AmRest  го развива Pizza Hut во другите земји управувајќи ја франшиузната мрежа од стотина ресторани во Франција, 70 во Германија и речиси 30 ресторани во Русија. А како планира да настапува на пазарите од Централна Европа? – Благодарение на франшизниот развој, Pizza Hut ќе ја забрза динамиката на развивање и влегување на брендот на пазарот со отворање на ресторани во помалите места и градови до 80.000 жители... – стои во официјалното соопштение од AmResta.

Какви ќе бидат условите за соработка?

Според расположивите податоци, договорот за франшиза со одделните приматели ќе биде потпишан на 10 години, со можност за продолжување. Според направените пресметки, за отворање на ресторан потребно е да се вложат најмалку 125 илјади долари, а рестораните можат да се отворат во два формата: Express и Delivery. Pizza Hut Express форматот е приспособен за локации во трговски центри, кино сали и бензински станици. Не бара голем простор, најмалку 40 м2. Вториот формат - Pizza Hut Delivery е ресторан со места за седење, но и достава на домашна адреса.  За овој тип на Pizza Hut ресторани се претпочита централно градско подрачје или големи стамбени населби кои имаат добар пристап за гостите и нивните возила. Потребен е простор од 110 до 120 м2.

Примателот има обврска да плати еднократен влезен надомест (за пристапување кон франшизниот систем), кој изнесува 26.000 долари, а потоа и да издвојува по 6 % од прометот за два месечни надоместоци: редовни и за маркетинг. За возврат, примателот ќе може да смета на поддршката на давателот на франшиза при изборот на локацијата, помош при реновирање и подготовки за отворање ресторан, а потоа и за сите прашања поврзани со работењето. Покрај тоа, примателот поминува и низ детална обука и добива пристап до мрежата на проверени доставувачи.

-       Со влегувањето во голема организација како што е AmRest, на примателот на франшиза му е обезбеден пристап до проверени алатки и системите кои го поддржуваат работењето, што е значајна конкурентска предност. Мислам дека всушност таа е и клучна – вели директорот за франшизно работење за брендот Pizza Hut, Дамиан Рибак.

Покрај брендот Pizza HutAmRest Holdings SE е примател и за мастер франшизите за KFC и Burger King, како и ексклузивен носител за развој на Starbucks за овој дел од Европа. Сопственик е и на брендовите La Tagliatella, Blue Frog, KABB, Bacoa и Sushi Shop. Моментно контролира повеќе од 2000 ресторани за брза храна и ресторани за неформален ручек (со конобари) во 26 земји. На пазарот во Србија AmRest е присутен преку брендовите KFC (девет ресторани) и Starbucks (едно кафуле во Белград).


До познат бренд преку франшиза / Полската компанија AmRest е примател на мастер франшиза од брендот Pizza Hut и има право да продава одделни франшизи со што ќе го шири синџирот во земјите од централна Европа, каде се вклучени и Србија, Хрватска и Словенија.

погледнете ги текстовите

Нов Subway во Загреб /12.12.2019

Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа! /17.11.2019

Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Унгарска франшиза на сладоледи на стапче /11.09.2019

„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

популарно во форумот