School & School

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

School & School е мултидисциплинарно стручно училиште за деца и тинејџери специјализирано за набљудување, откривање и развој на таленти.

„School & School“  е присутно на пазарот за образование од 2014 година, а врз основа на сопственото долгорочно истражување, изработи успешна и уникатна програма за неформално образование за деца и тинејџери на возраст од три до четиринаесет години, што значително се разликува од другите образовни програми во регионот.

Благодарение на специјално дизајнираната програма, учениците од „School & School“  имаат можност да ги пронајдат своите таленти и страст кон одредена дисциплина преку фини, применети и технички науки, што ќе им го олесни изборот на идната академска и професионална кариера. Целта на ваквиот образовен систем е да се дизајнира креативна и стимулативна околина, а потоа, да се набљудува, открива, развива и негува талентот кај децата, поттикнувајќи ги  свесно да го пронајдат изворот на сопствената инспирација и аспирација!

Целите на нашиот образовен систем

Првата цел на овој холистички начин на образование е да им овозможи на студентите простор и време во кое ќе имаат можност да ја пронајдат својата страст, а наставниците можност директно да го препознаат талентот на учениците за одредени активности. Друга цел е да се открие, развива и негува детскиот талент. Третата цел е да се изгради самодоверба на учениците. Четвртата цел е да обезбедиме неопходна едукативна и педагошка поддршка прилагодена на секој ученик во својот независен израз. Петтата цел е да ги води студентите на вистинскиот пат!

Училиште базирана на повеќеструка интелигенција (MI)

Благодарение на специјално дизајнираната програма заснована на повеќеструка интелигенција, учениците од нашето училиште имаат можност да ги пронајдат своите таленти и страст кон одредена дисциплина преку фини, применети и технички науки, што ќе им го олесни изборот на идната академска и професионална кариера. Нашата цел е да дизајнираме креативна и стимулативна околина,  а потоа, да се набљудува, открива, развива и негува талентот кај децата, поттикнувајќи ги  свесно да го пронајдат изворот на сопствената инспирација и аспирација. Како го правиме тоа?

Овозможувајќи стекнување на конкурентни знаења и вештини на сосема различен и иновативен начин преку една од 20+ образовни програми групирани во 6 главни академски оддели:

  1. Факултет за наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ)
  2. Училиште за визуелни и сценски уметности
  3. Школа за писменост и странски јазици
  4. Прво училиште за бизнис и лидерство за деца и тинејџери
  5. Летно и зимско училиште
  6. Дневна нега / продолжен престој

Уникатен деловен модел

Системот за образование на „School & School“  овозможува стекнување на конкурентни знаења и вештини за 21 век на еден сосема различен и иновативен начин, преку една од 20+ училишни програми, 365 дена во годината, 14 часа на ден!

  1. Роботика и програмирање (возраст од 3-8 години)
  2. Програмирање и дизајн на игри (8-14)
  3. Инженерство на роботика (8-14)
  4. Биоинженеринг (10-14)
  5. Креативна физика и математика (10-14)
  6. Уметност и дизајн (возраст од 3-14)
  7. Компјутерска анимација и 3Д уметност (10+)
  8. YouTube академија (10+)
  9. Драма и уличен балет (3-14)
  10. Музика (Пијано 5+, Гитара 7+, Пеење 5+)
  11. Англиски (3-14)
  12. Германски (6-14)
  13. Бизнис и лидерство (12+)
  14. Летна школа (6-14)
  15. Зимско училиште (6-14)
  16. Дневна нега / Продолжен престој (6-10)

Методологија

Методологијата на учење во „School & School“  е различна! Се заснова на само-изграден систем на учење „Моделирање и симулација“/„Направи и пробај“ (она за што се зборува треба да се види, она што се гледа треба практично да се проба). За време на часовите, учениците градат свои модели и се вклучуваат во многу подлабоко концептуално ниво на разбирање на содржината, процесите и решавањето на проблемите. За време на часовите, мора да се користат сите три + еден стил на учење; аудитивни (звук), визуелни (слика), кинетички (допир и движење) и репетиција (повторување) како дополнителен стил на учење. Причината е едноставна - не можеме да им пристапиме на сите на ист начин. Сите сме различни!

Структура на наставата

Неделниот и месечен број на часови зависи од возраста на учесниците (возраст од 4 до 6 години 1 час неделно, 4 часа месечно; возраст од 6 до 8 години 1,5 часа неделно, 6 часа месечно; возраст од 8 до 14+ години 2 часа неделно, 8 часа месечно). Структурата на часовите во „School & School“  е едноставна! -10% од времето е наменето за теорија, односно запознавање на студентите со темата и целите на часот, повеќето од 80% од часот се посветени на практична работа и вежби, додека преостанатите и последните 10% од часот припаѓаат на панел дискусија во која сите студенти учествуваат подеднакво, изнесувајќи ги нивните мисли и ставови, додека улогата на предавачот е да го поттикне  и управува квалитетот на дискусијата и интерперсоналната комуникација како модератор на панели.

Извештај за таленти

Покрај дипломата за успешно завршено школување, учениците, односно родителите, на крајот на учебната година добиваат и единствен извештај за обележување на карактерните особини на учениците (Talent Explorer Report), што претставува најголема додадена вредност на „School & School“ . Набудувањето се врши како дел од професионална ориентација во текот на целата учебна година и се издава на крајот на секој семестар. Пожелно е да се направат најмалку два, а идеално три извештаи врз основа на кои би можеле да забележиме усогласеност или девијација при набудување на карактеристиките  на учениците. Извештајот има за цел да послужи како алатка или упатство за реализација на детски таленти, чија примарна улога е да ги охрабри родителите и наставниците да продолжат да ги набљудуваат, што би го потврдило или отфрлило она што е веќе забележано.

Внатрешен дизајн на училиштето

Внатрешниот дизајн на училиштето е важен! Мебелот што го користиме во нашите училишта не е скап, внимателно е редизајниран со весели пастелни и шарени  бои што му овозможуваат на училиштето да зрачи со позитивна енергија. Домашниот мебел (фотелји, софи, трпезариските маси и столчиња, старите плакари) е намерно најзастапен со цел да се анулира детското чувство за училиште како традиционално училиште, и да создаде чувство за училиште како модерен дом во кој тие конечно можат да бидат тоа што се. Деца! Нашите училишни табли не се класични, тие се необични, столчињата се исто така различни. Едноставно, сè е различно!

„School & School“ наставници

 Тие првенствено имаат задача да ги едуцираат учениците според современите педагошки критериуми во рамките на утврдената програма, почитувајќи ја слободата на педагошката работа, принципите на демократија и човекови права. Предавачите / инструкторите се главно ментори и пријатели на учениците од училиштата со една главна цел, а тоа е да ги инспирираат, набљудуваат, откриваат, развиваат и да го негуваат студентскиот талент, со што ги насочуваат кон идеално академско образование и професионална кариера.

Наши вредности

Ние во „School & School“  посветени сме на изнаоѓање на најдоброто кај секое дете. Тоа е посебноста и талентот! Тоа се способноста, вештините, но и вредностите благодарение на кои децата се способни да се изразат уметнички, технички и културно многу послободно од возрасните, и треба постојано да се охрабруваат и потсетуваат да во потполност бидат свесни за своите таленти, како личен ресурс  кој е неопходно и  понатаму  да се развива и унапредува во животот.

Тоа е она во што длабоко веруваме во „School & School“. Исто така, веруваме дека само со усогласување на темпераментот, талентот, академското образование и професионалната кариера имаме гаранција за внатрешно задоволство и успешна лична и професионална самореализација! Затоа веруваме во образованието. Ние веруваме во човечки потенцијал!

„School & School“  е место на креативно изразување каде децата дизајнираат подобро утре!

сопствени деловни единици

4 во БиХ (2 во Сараево, Грачаница, Тузла)

франшизна единица

4 во Србија (2 во Ниш, Врање, Сремска Митровица)
1 во Бугарија (Софија)

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Почнувањето од нула е најтешко, тоа одлично го знаеме! Исто така, знаеме дека поддршката е важна и најбитна на почетокот на деловното патување, затоа решивме да ви  помогнеме на сите вас кои верувате во различно образование и човечки потенцијал да ги реализирате вашите соништа. Ако уживате да работите со деца и верувате во модерно образование; ако го цените човечкиот потенцијал и неговиот талент; доколку имате креативност и страст кон иновативно претприемништво; ако сте решени да се разликувате од другите; и - конечно - ако цврсто верувате дека образованието може да го направи светот подобро место: тогаш сте на вистинското место!

ПРОЦЕС НА ВКЛУЧУВАЊЕ  ВО ФРАНШИЗНАТА МРЕЖА  SCHOOL & SCHOOL

Првиот чекор во процесот на пристапување во мрежата за франшиза „School & School“ е доставување на мотивационо писмо (кандидатот треба да ги наведе причините зошто сака да ја започне програмата  „School & School“)

Вториот чекор - веднаш по запознавањето со биографијата на кандидатот и неговите мотиви за започнување бизнис, School & School ќе испрати „Франшизен Инфо Пакет“ со сите неопходни информации околу условите за пристапување во франшизната мрежа „School & School“ во рок од 24 часа.

Доколку кандидатот, откако се запознае  со основните информации и услови, одлучи да продолжи со процесот на пристапување, трет чекор е да закажете интервју (преку Skype, Мessenger ili Vibera), каде ќе ја прегледаме  документацијата со кандидатот и ќе одговориме на сите прашања. Исто така, за време на интервјуто, кандидатот ќе се запознае со потребните информации за пристапување во мрежата за франшиза „School & School“.

Четвртиот чекор е да закажете деловен состанок лице в лице, каде кандидатите ќе дознаат повеќе за финансискиот модел, вклучително и информации за надоместокот за влез во франшизинг мрежата, редовниот надомест и надоместот за маркетинг, како и  предвидувањата за враќање на  инвестицијата. Ние многу добро разбираме дека секоја личност е различно ситуирана и затоа се обидуваме да создадеме решение за франшиза што ќе ги задоволи потребите и очекувањата на нашите партнери за франшиза. Исто така, во оваа фаза, страните ќе ја усогласат територијата или неколку територии на деловна активност (мастер франшиза), доколку кандидатот е финансиски и оперативно способен да ги развива. По усогласувањето на финансискиот модел, „School & School“ ќе го испратат договорот за франшиза до кандидатот за преглед и усогласување. Договорот детално ќе ја опише позадината на компанијата (давател на франшиза), како и:

  • Правила за пристапување во системот на франшиза,
  • времетраење на договорот,
  • Област на работа на примателот на франшизата,
  • Права и обврски на страните,
  • Заштита на трговските марки и знаци,
  • Заштита на деловните тајни
  • Клаузула за конкуренција,
  • Обука
  • Цена на лиценцата и накнада за маркетинг,
  • Промоција и маркетинг,
  • Контролни права на давателот на франшизата,
  • Раскид на договорот.

Петтиот чекор е да му се достават дополнителни информации на кандидатот, финализација на договорот и праќање на истиот на потпишување, плаќање на накнадата за пристап на трансакциската сметка на давателот на франшиза. По потпишувањето на договорот и извршувањето на плаќањето на сметката на примателот на франшиза, се доставува оперативен прирачник, кој ги содржи процедурите и динамиката на работење во рамките на франшизата, елаборати, спецификации и упатства за подготовка на франшизната единица за отворање, едукација и советување на вработените, купување опрема и други наставни материјали.

(Појаснување: Прирачникот за операции е сеопфатен и детален опис на сите аспекти во работењето на франшизата. Тој содржи опис на тоа како примателот на франшиза ќе го води бизнисот во рамките на франшизата.)

Шестиот чекор е посакување добредојде во семејството School & School и започнување со работата!


очекувана вкупна инвестиција

  • Влезен франшизен надомест: 7.500 ЕУР
  • Редовен надомест за франшиза: 5% (практикуваме плаќање по 6 месеци работа на партнерот)
  • Други очекувани трошоци за започнување бизнис:
    • Трошоци за уредување на просторот: до 300 ЕУР
    • Опремување: помеѓу 2200 и 2700 ЕУР
    • Мебел и декорација на просторот: до 2500 ЕУР
    • Почетни трошоци за изнајмување и одржување на просторот, режија: од 250-1550 евра
    • Почетен маркетинг: од 150-1100 ЕУР
    • Работен капитал за оперативни трошоци на почетокот на бизнисот: од 1500-4500 ЕУР
    • Трошоци за обука (патни трошоци, сместување, итн.): до 500 евра
  • Вкупен очекуван износ на инвестиција (франшизни накнади плус инвестиции): од  10000-20650 EUR

основни барања

-


информација за давателот на франшиза

Softyc doo

Hajrudina Džebe Bajbage bb, Korića Han, 75320 Gračanica, Bosnia i Hercegovina

+387 60 342 1 555

hq@schoolandschool.com

schoolandschool.com

контакт особа за кандидатите

Нихад Софтић

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до School & School

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Канадско образование и на Балканот /10.01.2022

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

Оnline наставата успешна /05.09.2020

Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

Сигурна поддршка во франшизното семејство /07.08.2020

Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.

Едукацијата се сели „онлајн“ /25.03.2020

Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?

Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца? /21.02.2020

Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!

Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза? /23.01.2020

„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.