Малац генијалац

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац” претставува посебен вид на едукација, наменет за здрав развој на детскиот мозок. „Малац Генијалац” во својата основа ја има менталната аритметика, која претставува проверена програма за развој на менталните способности кај децата, а настанала како резултат на долгогодишно работење на психолози, педагози и и други стручњаци од областа на едукацијата и образованието. Програмите на менталната аритметика потекнуваат од Источна Азија и долги години наназад широко се употребуваат во повеќе од 50 земји, насекаде низ светот.

„Малац Генијалац” сака да се прошири и низ територијата на Република Северна Македонија, токму затоа е креиран франшизен пакет на училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац”. Франшизата „Малац Генијалац” ја нудиме на сите заинтересирани, во сите градови на Република Северна Македонија, но и на заинтересираните партнери за мастер франшизата, во останатите земји од регионот.

Ви нудиме целокупен франшизен пакет, осмислен и тестиран во повеќе од десетина постоечки школи. „Малац Генијалац” е работа со „своја мисија” – работа во која секојдневно ќе уживате, но и работа која подразбира разумна инвестиција и брза заработка.

сопствени деловни единици

4 (Скопје)

франшизна единица

65 (Србија), 23 (Босна и Херцеговина), 11 (Црна Гора), 10 (Унгарија), 4 (Хрватска), 1 (Швејцарија), 1 (Словачка), 1 (Словенија), 1 (Романија).

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Со влегувањето во франшизниот систем, примачот на франшизата добива:

  • Знаење и право да ги користи методите на менталната аритметика
  • Обука (обуката за наставници е задолжителна и трае околу 15 дена)
  • Право на користење на печатот на училиштето
  • Know-how
  • Учебници
  • Патентирани интернет портали
  • Сите потребни апликации
  • Територијален ексклузивитет
  • Константна поддршка од централата
  • Маркетинг поддршка

очекувана вкупна инвестиција

  • Почетен франшизен влог: Зависно од големината на местото – на увид
  • Месечен надоместок: 10% од месечната школарина
  • Франшизниот договор се потпишува на четири години, со можност за продолжување на истиот, пред неговото истекување.
  • Очекувана сума на вкупната инвестиција во уредување и опремување на просторот: 1.500 – 2.500 евра.

основни барања

Примачот на франшизата треба да обезбеди простор со најмалку две соби (училници), во кои би можело да се сместат од 6 до 12 ученици. Училниците треба да ги опреми со клупи и столици, бела магнетна табла, проектор или телевизор, голем (наставнички) абакус и голема сметалка, а за наставниците е потребен и лаптоп.

Не е задолжително примачот на франшизата да има искуство од областа на образованието и школството, но сепак тоа е пожелно. Тоа можат да бидат и претприемачи, кои веќе работат со деца –сопственици на училишта по странски јазици или претшколски институции. Примачот има обврска да вработи стручен кадар – предавачите мора да бидат факултетски образовани од областа на образованието (воспитувачи, учители или професори).


информација за давателот на франшиза

Малац Генијалац

Благоја Стефковски 104, Скопје

(+389) 71 890 800

info@malacgenijalac.mk

malacgenijalac.mk/

контакт особа за кандидатите

-

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Малац генијалац

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Дигиталните вештини во основата на бизнисот /31.07.2019

Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

Програмирано за во иднина /14.04.2019

Зошто и компаниите од регионов би требале да размислат за полската франшиза за училиштето за програмирање Coders Lab открива Гжегош Моравски, задолжен за франшизниот развој на овој концепт.

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.