Што кога во Грција ќе кажеме еспресо?

MIKEL, Волос / За време на првите години на работа, Кириакакис во главно ги отварал кафулињата самостојно – до крајот на 2011 имал само седум локали, од кои најголем број во Волос.
Петок
14.12.2018
Кафето е кафе, но сепак, не е секогаш и секаде исто. Што претставува брендот MIKEL во Грција и зошто денес се смета за “чудо на угостителството”?
 

Како и во повеќето Балкански земји, така и во Грција пиењето кафе е социјален настан – не само што уживаме во црниот напиток, туку кафето воедно е и повод за собирање и дружење. Освен традиционалното “домашно” грчко кафе, кое се пие и насекаде на Балканот, во Грција како и секаде во светот се пие инстант кафе – се разбрира фрапе, без кое скоро и да не може да се замисли летување на брегот. Дури во текот на раните 90-ти години на минатиот век, Грците конечно срдечно прифатија кафе кое не беше дел од нивниот “идентитет” – еспресото.

Навистина, пред се тоа беа млади луѓе кои што фаќаа чекор со глобалните трендови, покрај тоа што користеа шанса да седат во кафуле со своите пријатели и да уживаат во кафето. – Сега веќе пиењето кафе надвор од нашата куќа со пријателите е нераскинлив дел од нашиот социјален идентитет, а Грците кои го засакаа еспресото продолжија да пијат еспресо. Дури и за време на најголема криза можете да заштедите така што нема да купувате скапа храна или облека, но пари за да се сретнете некаде со пријателите на шолја кафе секогаш ќе се најдат – потврдува Марианти Милона, авторка на неколку книги за храна и традиционална грчка кујна. Оваа околност може да ни послужи како почетно, но секако не и како единствено објаснување за “чудото на угостителството” кое во последниве години ја освои Грција. Имено големиот број редовни потрошувачи а најмногу млади кои секојдневно го “опседнуваат” ланецот на кафетерии MIKEL, не е последица само на споменатите навики на потрошувачите туку резултат на претприемачката приказна позади која стојат многу посветеност и вештини. Иако по својата форма MIKEL кафетериите многу потсетуваат на познатиот американски ланец, сепак ова е изворно грчки концепт кој се разликува од својот голем конкурент. Поточно голем насекаде освен во Грција -  на овој пазар денес работаат 177 MIKEL и само 29 Starbucks кафулиња!

Кога во 2008 година во Лариса се отвори првото кафуле од брендот MIKEL, препознатлива по ликот на “сериозниот тип со бркови и наочари” ретко кој очекувал овој концепт да доживее таква популарност. Особено поради тоа што се појавил и работел за време на криза.

Човекот кој го основал и започнал Mikel Coffee Company е Елефтериос Кириакакис – по сопствено уверување е страствен љубител на кафе, кој своите први искуства во светот на угостителството ги стекнал како келнер во кафулињата во Лариса. Вели дека уште тогаш внимателно набљудувал што ги прави потрошувачите задоволни и сфатил каква разлика прави врвната услуга. На 18 години го отворил своето прво кафуле, второто на 19, клуб на 22 години а првиот MIKEL на 26 години. До својата 31 година Кириакакис од кафуле направил национален франшизен ланец, преименувајќи го Maybe It's Knowledge Entering Life – “Можеби е знаење кое навлегува во животот“, како основно мото за развој на компанијата. Трите столбови на кои е заснован овој концепт  и кои гарантираат  долговечност, ја открива “тајната” Кириакакис, се – квалитетно кафе, нови рецепти и беспрекорна услуга.

Во MIKEL- денес се нудат 180 видови на топли и ладни пијачки, бели пецива, чаеви, смути, дури и алкохолни пијалоци кои се служат во вечерните часови. Цените се конкурентни. Кафулињата отвараат во рана зора, во 6ч наутро а затвораат во 10ч навечер. Дури и “малите работи”, како осветлувањето и музиката се прилагодуваат на секоја доба од денот и се типични за моменталниот профил на гости. За разлика од другите ланци од овој тип во кои еден работник ги врши сите работи, во MIKEL работат повеќе работници и секој е задолжен за само еден процес (келнери, шанкери и работници на каси), а сите вработени се обучуваат во центарот за обука на MIKEL. MIKEL Coffee Company произведува и колачи и бисквити, а има и центар за развој и истражување во кој постојано се работи на нови пијалоци.

За време на првите години на работа, Кириакакис во главно ги отварал кафулињата самостојно – до крајот на 2011 имал само седум локали, од кои најголем број во Волос. Меѓутоа кафулињата и за време на најголемата економска криза се покажале како стабилен и профитабилен бизнис систем, кој потоа лесно можел да се претвори во франшиза. Првиот договор за франшиза е потпишан во 2012, а ширењето толку се забрзало што веќе до крајот на 2013 имало 60 локали, а во 2018 од сите 177 кафулиња на територијата на Грција - дури 80% биле во рацете на – примателите на франшизата.

Без сомнеж, некои фактори одеа во прилог на MIKEL. Кризните времиња доведоа до пад на цената на недвижностите и закупот на локали; големиот процент на невработеност меѓу младите придонел за ефтина работна сила, а разбудената национална гордост резултирала со ставот “да го поддржиме домашното”. Меѓутоа дека MIKEL има солиден бизнис модел и подршка која е својствена за сериозните и добро разработени системи на франшизи, за што сведочи и фактот што веќе се отворени првите кафулиња на франшизата и надвор од Грција - седум локали работат во Дубаи, шест на Кипар, а во март 2018 отворен е првиот MIKEL во Лондон, додека во август во Сиднеј.

Сите приматели на MIKEL франшизата поминуваат три до четири недели обука. По отворањето на локал, тим на надгледувачи периодично ги посетува кафулињата со цел да се уверат дека сите стандарди на квалитетот се почитуваат и се одржува нивото на целата мрежа. Меѓутоа тоа што навистина привлекува, и според поединечни приматели на франшизата “зачудува” во ова партнерство, е личната нота – желбата и потребата на самиот основач Елефтериос Кириакакис да учествува и помага во отворањето на секое од кафулињата.

Еден од примателите на франшизата MIKEL од Солун вели дека првиот “позитивен шок” го доживел кога се јавил во компанијата за да се распраша за условите за франшизата. Брзо сфатил дека разговара лично со основачот и сопственикот на MIKEL. - Не се надевав на тоа, и морам да признаам дека беше тоа убаво изненадување. Пред да го отворам локалот дојде да види како течат подготовките. Остана со нас и ни помагаше ден и ноќ, ја надгледуваше секоја ситница - од инсталација на осветлувањето до распоредот на масите. Иако има армија на соработници кои држат се под контрола, се гледа дека сака да учествува и да биде со нас -  вели примач на франшизата од Солун. - Таков е со сите партнери и тоа не може да не ви се допаѓа – додава.


MIKEL / MIKEL има солиден бизнис модел и подршка која е својствена за сериозните и добро разработени системи на франшизи

погледнете ги текстовите

/01.01.1970

најчитани

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Малите растат /19.07.2018

Малац генијалац, синџир на франшиза на ментални аритметички училишта, ги организираше неодамнешните меѓународни олимписки игри во менталното компјутерирање. Во исто време, ова училиште во мрежата има се повеќе и повеќе франшизни единици, но исто така и нов пазар.

Најдобрите партнери имаат воља да учат и работат /01.12.2018

За искуствата во франшизното работење разговараме со Ѓорѓе Станковиќ, сопственик на концептот Car Foil Shop

JUMBO расте на Балканот /20.07.2018

Џамбо, грчки синџир продавници за играчки, ја прошири мрежата за франшиза во регионот. Последната продавница беше отворена во Гњилане, Косово.

Освежување во светот на накитот /20.07.2018

Оккета, грчки бренд на накит, часовници и други модни додатоци, работи повеќе од една година во Белград, а франшизата сега е достапна и за други градови во Србија.

популарно во форумот