CHIPAS

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

CHIPAS е ресторан со култен статус во Сараево: спојна уникатен амбиент и квалитетно мени со исклучително ниски цени.

Амбиентот на CHIPAS ресторанот е префинет, со ретро-шмек и мноштво детали (локални антиквитети), со посебен „печат“ на Coca-Cola®  компанијата која што учествуваше во креирањето на ентериерот (ретро постери и плакати). Се ова го прави CHIPAS препознатливо и атрактивно место за домашните и странските гости и туристи - од сите возрасти, култури и стилови, за секој дел од денот.

CHIPAS услугата е брза и квалитетна, со изграден стил на послужување - во зависност од форматот гостите ги служат келнери, како во класичните ресторани, или преку систем на самопослужување, поддржано со страктивно ИТ решение.

Сеопфатното ИТ решение овозможува ефикасно работење и оптимална организација која е во состојба да поддржи исклучително голем промет - CHIPAS е ресторан пополнет во текот на целиот ден, секој ден од неделата.

Она што е најголема специфичност на CHIPAS ресторанот вклучува универзално, општоприфатливо мени - со исклучително поволни цени. Основата на менито е CHIPAS - CHi(cken) и PAS(ta) - односно се базира на пилешки јадења и паста, со едноставна и единствена ценовна политика.  

CHIPAS менито е не само универзално и поволно, туку и широко. Особено, преку соработката со Coca-Cola®, обезбедена е и поволна цена за овој пијалок, кој со тоа станува „идеален партнер“ на сите CHIPAS оброци!
Според податоците на Coca-Cole® , CHIPAS е најголемиот продавач на Coca-Cola® пијалокот по метар квадратен во категоријата не-трговија во Босна и Херцеговина.
Со оглед на тоа, CHIPAS концепт вклучува и посебна програма на соработка со Coca-Cola® компанијата.

CHIPAS е докажан концепт, со повеќе различни формати, секој од нив докажан во пракса - преку стабилен раст на прометот и приходите. Организацијата на работењето и оптимизираниот ИТ систем овозможува висок промет, атрактивни цени и профитабилно работење.

Сега, Ви нудиме да го примените истиот рецепт и во вашиот град и да го повторите нашиот успех, преку CHIPAS франшизата!

сопствени деловни единици

3 во Босна и Херцеговина, во Сараево - Chipas Chicken&Pasta, Chipas Sweets&Cakes, Chipas Concept

франшизна единица

1 во Босна и Херцеговина, 1 во Полска

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

  • поддршка при селекција и уредување на локалот
  • комплетен know-how за опремување и организација на ресторанот - специфичен визуелен идентитет
  • листа на добавувачи за опремување и поддршка во опремувањето; посебен аранжман со Coca-Cola® поврзано со уредување на ресторанот и снабдување со маркетиншки материјали
  • организација и оптимизацијанаработењето и ИТ системот
  • поддршка при имплементирање на HACCP
  • уникатно мени со рецепти
  • континуирано унапредување на менијата
  • обука за менаџери, готвачи и келнери
  • поддршка при тековното работење
  • поддршка при отварање на ресторанот
  • маркетинг поддршка, стартен маркетинг пакет. 

очекувана вкупна инвестиција

  • Влезен надоместок: 5.000 ЕУР
  • Редовен надоместок: 2,5% од прометот
  • Очекувано ниво на вкупни инвестиции (комплетно уредување на ресторанот), во зависност од форматот, околу 70.000 ЕУР за Chicken&Pasta
  • Очекувано ROI (поврат на инвестиција): 2 години 

основни барања

  • со цел постигнување на најдобри резултати, примателот на франшизата треба да биде подготвен за личен ангажман во работењето на ресторанот,
  • Задолжителна прометна локација,
  • Пожелно е ресторанот да се состои од неколку простории,
  • Задолжителна соработка со Coca-Cola®
  • Задолжително користење на деловна апликацијка.

информација за давателот на франшиза

CHIPAS Sarajevo

Trg Fra Grge Martića 4, Sarajevo, Bosna i Hercegovina

+387 61 147 517

chipasconcept@gmail.com

контакт особа за кандидатите

Muamer Čolić

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до CHIPAS

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

Добриот вкус на Steiku Haoss ресторан /10.10.2020

Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

Војна на пилешките сендвичи /19.03.2020

McDonald’s одлучи во своите ресторани во Америка да понуди и два сендвичи со пилешко... Зошто ли е тоа толку значајно? Затоа што прашање е дали тоа би се случило доколку примателите на франшиза не направиле притисок, а сето предизвикано од заострената конкуренција.

За добра пица има добар пазар - Domino's се шири во регионот /04.03.2020

Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска

Одличниот Surf’n’Fries е веќе во Белград. Дали наскоро го гледаме и во Скопје? /13.02.2020

Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.

Автоматизиран „Sид за пијалоци“, угостителски концепт од иднината /05.01.2020

Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.

Место на пазарот за познатата пицерија /31.12.2019

Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?

Нов Subway во Загреб /12.12.2019

Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа! /17.11.2019

Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.