Автоматизиран „Sид за пијалоци“, угостителски концепт од иднината

Колку поголема потрошувачка, толку поголема заработка / Искуството покажува дека големиот избор на пијалоци, самопослужувањето и специфичниот начин на наплата кои се одлика на Easy рестораните многу влијае на потрошувачката.
Недела
05.01.2020
Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.
 

За да се постигне успех во светот на гастрономијата и угостителството, не е доволно само да се излезе на пазар со необичен или оригинален концепт. Пред се важно е концептот да биде финансиски одржлив. Една таква гастрономска приказна доаѓа од Летонија. Се работи за гастро баровите EasyBeer и EasyWine, кои преку франшизниот модел на работење веќе неколку години се развиваат и надвор од домашниот пазар.

Покрај матичните ресторани во Рига, EasyWine работи и во Тбилиси (Грузија), а годинава се отворени два ресторани и во овој дел од Европа. Прво во средината на август 2019 година франшизниот Easy Beer  е отворен во Копар во Словенија, додека пак во ноември франшизниот  EasyWine започна со работа во Унгарија, поточно во Будимпешта.

По што се разликуваат Easy гастро баровите од другите франшизи? – Основната разлика е во паметните решенија и IT системот кој овозможува самопослужување и автоматизација речиси на сите процеси, но и целосна контрола  на потрошувачката, плаќањето, програмата на лојалност и што е многу важно, создавање резерви. Имено, заради прецизно евидентирање на секој милилитар послужено пиење,  сопственикот на барот секогаш знае колкави количини има – вели Јурис Рогановс, франшизен менаџер задолжен за меѓународен развој на овие брендови. 

Рогановс објаснува дека овој бизнис е поставен така што повеќето од процесите се одвиваат автоматски. Во практика тоа значи дека гостинот прво добива магнетна картичка со виртуелни пари со која може да наточи и плати кој и да е пијалок од специјалниот „ѕид со пијалоци“. За прецизно мерење на налеаното пиење се користи автоматизиран систем за точење и дозирање, но и регулирање на пената, доколку станува збор за пиво.

-       Во класичните ресторани гостинот може да нарача најмалку една чаша вино или мало пиво, но не помалку од тоа. Сопственикот, во суштина, не го интересира дали гостинот ќе го испие сето пиење кое го порачал, бидејќи мора да го плати. Во Easy барот, пак, гостинот може да наточи пиење толку, колку што сака, дури и минимална количина, само за дегустација. Тоа е идеално за оние кои сакаат да пробаат неколку видови вино или пиво. Само количината која е наточена ја одредува цената, а се плаќа на крајот од вечерта – објаснува Рогановс и додава дека ова е добра вест за сите идни приматели на франшиза. – Практиката покажува дека ваквата ширина во изборот, самопослужувањето и начинот на плаќање им одговараат на потрошувачите, Колку е поголема потрошувачката, толку е поголема и заработката – вели Рогановс.

Во Easy Beer се нудат околу 200 различни пива. Во Easy Wine околу 100 вина со различна цена. Со секој пијалок се нуди и соодветен гастрономски оброк. Менито е прилагодено на потрошувачите, а еден дел секогаш е резервиран за локалната кујна.

Благодарение на автоматизираното точење и плаќање, примателот на франшизата може да смета и на помалку грижи околу вработените, истакнува Рогановс. – Самопозлужувањето не бара од сопственикот на барот вработување на голем број конобари. Но, не само што се намалуваат трошоците за вработените, туку и проблемите околу барање на соодветни лица, што мометно е проблем со кој се соочуваат претприемачите речиси во сите гранки – вели Рогановс.

За претприемачите кои ќе се одлучат да купат Easy франшиза, олеснување е тоа што сите деловни процеси детално се опишани и внесени во оперативниот прирачник, различните алатки за поддршка се развиени и тестирани, како и програмите за обука. Заради тоа од примателите на франшизата не се бара да имаат искуство од областа на гастрономијата или водење на ресторан. – Easy концептот многу лесно може да успее насекаде во Европа. Затоа нашата потрага по нови партнери, приматели на франшиза, продолжува. Заинтересирани сме, секако и за земјите од овој регионСите потребни знаења примателите ќе ги стекнат низ обука. Тие единствено треба да негуваат љубов кон добрата храна и пиење и да имаат развиени социјални ветини. Останатото е наша грижа – вели Рогановс.

Местата каде има голем број на луѓе, вели нашиот соговорник, се идеални за Easy концептите. Може да бидат трговски центри, аеродроми, места во централните градски подрачја, но и дестинации кои ги привлекуваат туристите или локалното населени. Се препорачуваат локали од 150 м2 до 500 м2. На висината на паричниот влог за отпочнување на франшизна единица, пак, влијаат повеќе фактори: трошоци за уредување на просторот, депозитот за закуп, потребните дозволи. Меѓутоа, типичен Easy ресторан бара вложување од 150.000 евра па нагоре. Покрај деловното знаење (know-how) и обуки, оваа сума ги покрива и опремата и софтверот потребен за правилно функционирање на сите процеси во ресторанот. Примателот на франшизата може да очекува поврат на инвестираното за 14 до 30 месеци.


Од сега и во Будимпешта / Во ноември 2019 франшизен Easy Wine е отворен во главниот град на Унгарија

погледнете ги текстовите

Нов Subway во Загреб /12.12.2019

Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа! /17.11.2019

Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Унгарска франшиза на сладоледи на стапче /11.09.2019

„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

популарно во форумот